Фраерот одел со 3 женски истовремено – го фатија, се здружија и сега со камп автобус шетаат заедно

0

Ова што ќе го прочитате подолу, во денешно време не е ништо ново. Изневерувањата се наше секојдневие, ако не наше, тогаш на луѓе кои ги познаваме.




Три девојки од Америка, успеаја да ја претворат болката на неверството во нешто позитивно и сега заедно патуваат низ Америка. САД е голема земја и од една до друга обала, освен што ќе им требаат многу денови за да стигнат, уживањето е преголемо.




Бека, Аби и Морган дознале дека истовремено се изневерувани од истото момче, но наместо да имаат негативни емоции една за друга, тие одлучиле заедно да патуваат.

Трите девојки купиле стар училиштен автобус, го реновирале и тргнале на заедничка авантура.




Тие го документираат нивното патување со фотографии кои ги споделуваат на Instagram страницата BAM Bus, крстена по иницијалите од нивните имиња. Она што сега им се случува е речиси неверојатно.




„Го живееме животот од соништата. Неверојатно е кога ќе помислиме дека сето ова се случи поради него“ – рекла Морган, која започнала да се сомнева во своето момче минатиот декември, кога тој започнал да добива флертувачки коментари од други девојки на социјалните мрежи. Тие биле заедно со прекини седум години.




„Имав лошо чувство од кое не можев да се ослободам, па го отворив профилот на една од девојките. Речиси на сите фотографии на страницата таа беше фотографирана со дечкото кој сметав дека ми е момче“ – рекла таа.

Двете се сретнале и продолжиле заедно да „копаат“ во неговиот профил и дознале дека тој има уште една девојка – Аби.




„Ова момче на секоја од нас ни имаше речено дека сака да си купи автобус и дека сака да патува низ земјата со него.

Сите седевме и се смеевме цел викенд додека разговаравме за тоа. Не помина многу време пред да си речеме:




‘Еј, ние можеме да го направиме тоа’“ – раскажала Морган за моментот кога им се родила идејата.

Очигледно е дека ги чекала макотрпна работа, чиј резултат е восхитувачки, бидејќи сега, тие го живеат животот со полни срца.




Што да се каже за момчето? Од него нема ни трага ни глас. Тој сега може само да им завидува на своите поранешни, дури три девојки и можеби да се обиде да го продолжи својот поход по женски трофеи, кој погоре видовме како претходно му завршил.




А за овие три девојки едно големо браво! НАвистина е убаво да се види како желбите се претвораат во стварност.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Претходна статијаПроф. Даниловски: Дали и кога може да се прими втора доза, порано или подоцна од предвидениот термин за имунизација
Следна статијаАргирета Атева: Случката со Св. Сисој Велики и Александар Македонски отсекогаш ме восхитувала