Адријана Алачки со другарка и Снеже се проба во спортот кој мажите го обожуваат (ФОТО)

0

Адријана Алачки со години наназад е препознатлив лик пред тв камерите. Таа од естрадата, се префрли на ТВ и продолжи како водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.




Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата, а очигледно е дека ужива.




Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.




Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Кон крајот на минатата година, Алачки која е и и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ сподели радосна вест, однсоно се пофали дека доби снаа.




Имено, нејзиниот син, Благоја Алачки ја побара за сопруга неговата девојка Јована. Водителката овие радосни вести ги сподели на Фејсбук пишувајќи емотивна порака.

–Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани… да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.




Да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња…. честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени- напиша таа под фотографијата на која се гледа свршеничкиот прстен.




По ова, таа ги спакува куферите и реши новогодишните и божиќните празници да ги помине далеку од Македонија, а изборот падна за Русија.

Адријана пред Нова година на својот профил на фејсбук се означи дека е во Махатчкала, главниот град на покраината Дагестан, а потоа објави фотографија и од Москва.




Алачки вчера се најави од Дојран. Таа заедно со своја другарка се проба во спортот кој мажите го обожуваат, а тоа е риболовот. Адријана на својот профил на социјалните мрежи сподели слики и напиша:




„Со мојата другарка Снеже, жена рибарка, легенда во Дојран…на часови по рибарење…наскоро на Алфа Тв во Везилка.“

Претходна статијаЌерката на Харис Џиновиќ не престана да провоцира, пејачот е видно вознемирен, а мајка и се стави во одбрана
Следна статијаАтиџе ги среди забите – Турунџиева објави слика од нејзиниот нов изглед (ФОТО)