Елиф Елмас: Вие не сте свесни каква величина е Бате Горан во Италија

0

Младиот фудбалер на Работнички, чиј талент беше препознаен од фудбалските стручањаци и на многу млада возраст купен од турски Галатасарај, полека но сигурно станува зрел фудбалер.

Елмас во моментов игра во италијанскиот шампионат, во дресот на Наполи. Бисерот на македонскиот фудбал блесна во подготвителните натпревари на Македонија за ЕП, а се очекува неговата форма да го доживее врвот, на самиот шампионат.

Неговиот агент, Џорџе Гарди во интервју за италијанско радио зборуваше за ситуацијата на Елмас и плановите за негова иднина.

„Елмас беше желен да игра Лига на шампиони, тој дојде во Неапол токму поради оваа причина. Очигледно тој беше разочаран како и сите други и сега е веќе фокусиран на Европското првенство“, започна Гарди и продолжи:

„Го гледам многу мотивиран. Задоволен од сезоната? Играше многу малку, би сакал да има поголема тежина и да влијае повеќе. Имаше неколку минути на располагање, не можеме да бидеме среќни. Дали перспективата може да се смени со промената на тренерот? Според мене, да.“

„Бенфика? Тој ужива вo интересот на многу клубови во европa. Пред да дојдам во Наполи веќе имаше многу европски клубови кои не контактираа. Тој сè уште има многу долг договор со Наполи, така што тоа нема да биде само негова одлука, туку и на клубот.

Ќе се обидеме да дознаеме каква намера има клубот со него бидејќи уште една ваква сезона нема да го направи среќен играчот. Треба да дознаеме дали тренерот верува во него, што мисли со него“.

Вчера во емисијата „Еден на еден“, кај водителот Жаре, гости беа селекторот на фудбалската рпрезентација Игор Ангеловски – Мрме, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, Елиф Елмас и Езџан Алиоски.

Елиф даде прогноза за шансите на Македонија во групната фаза во која се уште селекциите на Украина, Австрија и Холандија. Два меча играме во Букурешт, еден во Амстердам.

„Сите три натпревари ќе ги победиме“, е изјавата на Елмас. Дај Боже да биде така, се согласија сите кои ја слушнаа и видоа неговата изјава.

На прашање од водителот, дали добивал честитки од соиграчите по пласманот на ЕП и особено по победата над Германија во гости, Елмас рече:

-Да, веднаш поинаку ме гледаат соиграчите, особено по победата над Германија. Сите ми честитаа, ми пратија пораки, дури и играчи со кои сум настапувал во минатото, како Мартин Шкртел од Галатасарај.

Потоа, Елмас проговори и за неговиот идол и повозрасен колега, Горан Пандев, или како што тој го вика, Бате Горан:

-Дали сет ви свесни што значи Бате Горан во Италија? Не сте и не можете да бидете, бидејќи тоа треба да се види и слупшне со свои очи и уши. Бате Горан е еден од најомилените фудбалери во Италија.

Во мојот клуб Наполи, каде што Бате Горан играше во минатото, тој е омилен лик. Го паметат и не го забораваат вработените во клубот, а особено навивачите. Кога се зборува за мене, во медиумите или меѓу навивачите, неможе а да не се спомене името на Бате Горан, рече Елмас.

Претходна статијаЖиви смешки сте со тоа книгите шо демек ги читате на плажа – ај престанете со глуматарење
Следна статијаЌерката на Гоце Тодоровски објави слика со мајка си Тања, како да се сестри (ФОТО)