Владимир: Другар, од дното на срцето ти благодарам за секоја секунда, секоја капка пот пролеана за националниот тим

0

Горан Пандев на вчерашната прес-конференција официјално соопшти дека дуелот со Холандија ќе биде него последен во дресот на македонската репрезентација.

Популарниот Гоче смета дека настапот на Европското првенство е најдобар начин да стави крај на репрезентативната кариера, односно им остави простор на помладите да се докажуваат во наредниот период.

Меѓутоа пред да почне официјалниот прес нашиот капитен одлучи да се пошегува на актуелна тема, а тоа се поместувањето на шишињата, поточно спонзорите од масата на која играчите комуницираат со медиумите.

Сите добро знаат што Кристијано Роналдо и Пол Погба направија со Кока Кола и Хајнекен, но и каков потег имаше рускиот селектор Станислав Черчесов.

Пандев се пошегува и низ насмевка истакна дека треба да ги ги тргнат шишињата со Кока Кола и да стават Струмка.

Цела македонска јавност е во неверување, како ќе се продолжи фудбалската идила без предводникот, лидерот, херојот на овој тим и нашиот најдобар фудбалер во историјата на македонскиот фудбал

Владимир Блажев, алијас Панчо од дуото ДНК, на емотивен начин му се заблагодари на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев:

„Другар, од дното на срцето ти благодарам за секоја секунда помината на зелениот терен, секоја капка пот пролеана за националниот тим, секој гол, секоја асистенција, секоја заедничка радост и тага.

Секој мотив што ни го даваше, го даваш и што понатаму ќе биде пример за многу сегашни но и идни генерации дека со напорна работа секој сон се претвара во јаве.

Јас, но верувам и цела Македонска нација ти е благодарна за се што направи за Македонската репрезентација, Македонскиот фудбал но и промоција на татковината на која знам дека си неизмерно горд.

Ти посакувам само убавини во животот, посакувам да изиграш уште една сезона во калчо каде будно ќе го следиме твојот магичен “танц” на зелениот терен но и те задолжувам со една опроштајна утакмциа на градски пред преполн стадион.

Зошто ако некој заслужува да биде испратен како вистински ХЕРОЈ и ИДОЛ на цела една нација тоа дефинитивно си ти. Врвен фудбалер но што е најбитно ЧОВЕК пред се.

Ти благодарам од срце бато Гоки. Поздрав до НАЈДОБРИОТ ГОРАН ГРАНДЕ ПАНДЕВ!“

Претходна статијаПандев доби нов пасош, не е македонски, не е ни италијански (ФОТО)
Следна статијаНоне се спакува и летна од Македонија (ФОТО)