Ноне се спакува и летна од Македонија (ФОТО)

0

Слатката пејачка Ноне Неделковска, која долги години беше насекаде низ светот рабоетјќи на брод, минатата година, пред почетоkот на пандемијата се врати дома, во родниот Велес.

Ноне за „Црно бело“’, изјави дека додека патувала со бродот посетила 45 земји и има морска болест.

Таа сподели свое искуство од различните култури кои имала можност да ги запознае.

– Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).

А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, рече Ноне.

Пејачката сега е во Велес, и често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне неодамна.

Таа се сликаше по градник и ги запали своите фанови кои ја лајкнуваа и ѝ ги коментираа сликите:

„Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До сликите, Ноне порача: „Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

Ноне изгледа дека се навикнала на потопла клима која ѝ недостасува, па реши да си направи плажа дома во Велес, и да го искористи пролетното сонце.

Таа си објави стори како се сонча и си пие кафе.

На сториото Ноне ги покажа голите нозе и нејзниот миленик како си игра. На шолјата од кафето, е напишана оптимистична порака што Ноне ја сподели со своите следбеници: Се ќе биде во ред!

По повеќе одедна година, Ноне си замина од родниот Велес, и му се враќа на бродскиот живот и работата на брод.

Таа објави слика од авион и напиша: Над облаците, од кои чекорам. Да го гледам ова, никогаш нема да ми здодее.

Потоа, објави уште еден пост каде што се гледа дека пристигнала до својата цел, пристаништето од каде што ќе заплови, а бродскиот персонал ѝ посакува пријатно крстарење.

Претходна статијаВладимир: Другар, од дното на срцето ти благодарам за секоја секунда, секоја капка пот пролеана за националниот тим
Следна статијаНашата позната пејачка кажа што прави кога некој ја нервира, и им даде важен животен совет на сите