Пандев доби нов пасош, не е македонски, не е ни италијански (ФОТО)

0

Дуото Дац и Александар Митевски беа гости во емисијата Магазин на Сител, и таму ја промовираа новата песна и спот за која рекоа дека дошла спонтано. Ова е македонска песна која е со потекло од Куманово, а Дац и Александар ја преработија.

-Се решивме за една култна песна „Бабино девојче“, многу позната, многу типична за тој крај, и посебно ни е драго што се врзавме со еден човек кој ни е пријател долго време, и музички сме имале можност да се дружиме и да соработуваме, Нино Величковски“, рече Александар Митевски.

Потоа Дац објасни дека е ова е народна песна која имала многу строфи, а оваа праработка е всушност трета верзија на песната.

Дац изјави дека снимиле спот со кој сакале да се врзат со градот Куманово, преку старата убава песна. Потоа зборуваше за неговата професија, актерството.

– Јас станав актер, и никогаш не жалам за тоа. Тоа не е професоја, тоа е љубов. И многу ми е жал што таа моја љубов моментално стагнира, но еве се повеќе се опуштаат работите, и некако најдов утеха во целата оваа работа со Александар, со пеењето, за пак да бидам блиску до публиката, на некој друг начин.

Но, со душа го чекам времето кога ќе се наполни салата во Драмскиот театар, и кога ќе се поклониме после убаво одиграна претстава, и кога ќе го чујам тој аплауз, што навистина е огромна награда“, раскажа Дац.

Потоа раскажа за неговата мајка која била манекенка, и дека тој за прв пат со неа излегол на писта, за рака фатен. Тоа всушност било првото излегување на сцена на Дац, тој прво бил манекен, па актер.

Митевски пак рече дека тој е многу горд на песната „Кометал шампионе“, и на денот кога РК Кометал- Ѓорче Петров станал шампион, во 2002 година.

„Беше тоа е едно фантастично време, прослава, песна. Јас нема со кој не сум соработувал, и ден-денес се дружам, контактирам, само што сега не с нима никој периодов. Еве сега се видов со Дарио, Бени…

Сите ни се чудат како сме продуктивни, како вадиме песни, и ние ги форсираме на некој начин да издат нешто ново.

Мислам дека сега како доаѓа летото и како ќе попуштаат мерките, ќе има шанса за сите да направат нешто ново“, рече Александар Митевски за своите колеги.

Откако ја испејаа Бабино девојче како посвета на Куманово, Дац и Александар имаат нова песна која е овој пат посветена на Струмица. Имено се работи за песната „Под кулите на Струмица“.

– Голема чест ни направи легендарниот Перо Христов. Дојде во Скопје, во студио кај Александар, како вистински професионалец и мајстор во својата бранша, го отпеа својот дел со многу емоции. Направивме едно убаво аудио и видео парче за Струмица што ќе остане. Уживајте“, напишаа тие.

Познато е дека Дац и Александар имаат прокет наречен Љубовен пасош, а тоа се љубовни песни од целиот Балкан кои ги пеат. Тие новиот љубовен пасош му го посветија на Горан Пандев или Гранде Пандев.

– Нашиот ЉУБОВЕН ПАСОШ ( Love Passport ) денес го добива нашата фудбалска легенда ГРАНДЕ Горан Пандев. Таа исправа ја добиваат луѓе кои шират љубов и позитива, влеваат надеж, сплотуваат и обединуваат, покажуваат лидерство и се наши амбасадори насекаде , со своите дела.

Мајсторе, денес ти посакуваме убав натпревар (најверојатно последен во репрезентативниот дрес), а ние ќе те бодриме засекогаш и ти благодариме од. Ќе ти го врачиме во прва прилика, “под кулите на Струмица”.
Дац и Александар

Претходна статијаЏамбазов конечно од Дојран се враќа во Скопје, еве ја причината (ФОТО)
Следна статијаВладимир: Другар, од дното на срцето ти благодарам за секоја секунда, секоја капка пот пролеана за националниот тим