Ване Цветанов им сподели на пријателите тaжнa вест од неговиот приватен живот: Сакам да ве информирам дека се разделивме со Дунавка

0

Минатото лето, некогашната мис Македонија, манекенката Дунавка Трифуновска преку фотографии покажа како ужива во летото со Ване Цветанов, носител на неколку функции во нашата држава.

Трифуновска во описот на фотографијата стави хаштази со „среќа“ и „сродна душа“, а фановите беа воодушевени од оваа глетка.

Потоа и Ване Цветанов се огласи на својот личен профил на фејсбук каде сподели интервју од себе и Дунавка и притоа напиша:

„Професионализмот е важен во секоја професија, а професионалниот пристап кон работите говори за одговорноста кон општеството во кое живееме..

По јавното објавување на големата љубов и започнатата искрена љубовна врска, новинарката Весна Миленковска беше единствената која што се јави, честиташе и побара потврда на информацијата.

Тој професионален пристап од страна на Весна Миленковска беше причина заедно со Дунавка Трифуновска да и ветиме ексклузивно интервју. Токму затоа преку ова интервју ги споделуваме радосните вести во целост.

Не чекаат сериозни и одговорни моменти на професионален план, па затоа двајцата проценивме дека е чесно до крај да ја запознаеме јавноста со нашатата приватност, за да можеме целосно да се посветиме на нашите професии и одговорните работи во иднина.“

Тие беа еден од најромантичните парови од јавниот живот и постојано споделуваа фотографии од нивните патувања и убави моменти.

За жал, сè што е убаво кратко трае, па така, денес, Ване Цветанов на социјалните мрежи ја сподели веста дека нивната романса завршила:

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света.

Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај.

За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,
а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси“, напиша Цветанов на социјалните мрежи.

Претходна статијаСашо Тасевски: Се сеќавам кога тргнав во прво одделение, на црвените марами, на штафетите и скарите за Први мај
Следна статијаПоранешниот сопруг на Маријана, Тоде Новачевски раскажа дека е тешко болен и зошто се развел: Не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен