Сашо Тасевски: Се сеќавам кога тргнав во прво одделение, на црвените марами, на штафетите и скарите за Први мај

0

Статус на Сашо Тасевски: „Имам 48 години. И имам сеќавања од мојата четврта година.

Се сеќавам на првото возење на количките во Луна парк. Се сеќавам на првата посета на зоолошката кога не сакаа да ме пуштат дома… Или јас нејќев да си одам… Тоа не се сеќавам.

На бенгалските тигри и афричкиот слон… со сурлата нааааа! Се сеќавам на првата боза во Апче и првиот бурек во Ванила.

Се сеќавам на првите копачки пума, сонот да играм ко Кројф, Ардиљес или Сафет Сушиќ и кога Вардар ја победи Трепча на Градски и влезе во Првата лига, а татко ми ме штитеше со телото од полудената од радост публиката кога Рингов даде гол.

Се сеќавам на Џајиќ ко му буташе топка низ нозе на Фогс во полуфиналето на европското на Маракана.

Се сеќавам на Гешо, Кафе, Медо, на МЗТ кога влезе во првата кошаркарска лига. На публиката и натпреварите со Цибона и Партизан во Скопје. На кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ.

Се сеќавам кога тргнав во прво одделение. На црвените марами, на рециталите за Денот на републиката, на штафетите и скарите за Први мај. Се сеќавам ко јавија дека ум -ре Тито.

На станарите излезени пред своите домови кои се гледаа со солзи и неверување. Па како може Тито да ум -ре. Не е вистина. Непријателска пропаганда. Така посакуваа да биде, ама во себе знаеја.

Се сеќавам на моите учители, наставници, на класната Зорица во основното Кардељ во Аеродром, на Ване математика, на Мики и Цевка по физичко, на Мац техничко, на Војо географија, на Ристана хемија….

Се сеќавам колку бараа од нас да знаеме и не ни ставаа на сите петки. Во одделение имаше двојкаши, тројкаши, многу добри, имаше одлични… Ама скроз одлични имаше пет шест души. Не повеќе.

Се сеќавам и дека се даваа сведителства за успехот околу 20 јуни во свечена атмосфера. Наставниците дотерани ко денес за вакцина во Врање. Ние децата залижани со три кила гел у коса. Со нови адидаски универзал, кои после ќе ги сефтосаме на фудбал.

И струеше топлина од скопското лето и среќа од свечениот миг и мислата дека распустот е пред нас, ама ќе се видиме пак во септември.

Да, училиштата даваа сведителства откако ќе ти дадеа знаење. Се сеќавам и како послабите ученици собираа храброст да ги покажат дома… А мораа. И книги подарок даваа за одличните. Фармата на Орвел, Камбаните на Хемингвеј, Мостот од Андриќ, поезијата на Блаже и Гане, Пирејот на Петре…

Добро се сеќавам на тоа. Да, на сведителствата за нашиот успех и среќното детство.
Сведителствата кои денес, 40 години подоцна, во 21 век, оваа држава не може да ги обезбеди за нашите деца.

Држава која патем ги ос акати со знаење и атакува на нив со промоција на невредности и нечии болни пе рве рз-ии за да ги озакони. За да им го уништи детството уште непочнато.“

Претходна статијаЕлена Велевска се пофали со деколтето, доби коментари дури од Јужна Америка! (ФОТО)
Следна статијаВане Цветанов им сподели на пријателите тaжнa вест од неговиот приватен живот: Сакам да ве информирам дека се разделивме со Дунавка