Поранешниот сопруг на Маријана, Тоде Новачевски раскажа дека е тешко болен и зошто се развел: Не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен

0

Копозиторот Тоде Новачевски долги години живее во Австралија. Тој е поранешен сопруг на Маријана Новачевска, сестрата блзиначка на Росана Сариќ- Тодоровска.

Тоде е заслужен за многу хитови што ги испејаа Маријана и Росана и не само тие. “А од љубов не се бега”,”Ако не исчезнам”, “Признавам”, “Има една судбина”, “Трст виа Скопје”, “Свири ми брате цигане“, се дел од нив.

Тоде кој е во одлични односи со својката поранешна сопруга е татко на две деца, а сега и дедо на Ива којаму е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.

Тој даде интервју за svet-australia.com, и таму откри дека последниве години се бори со тешка бол-ест и раскажа за неговата борба да ја поб еди.

Авторот на интервјуто вели дека Тоде му ја покажал “птицата” што ја добил на подарок од болницата “Аустин” од од одделот на славната Оливиа Њутон – Џон, кој се грижи за пациенти заболени од кан -цер.

– Оваа птица ми беше подарена пред неколку дена, на крајот на терапијата со радијација. Иако мојот ра-к на белите дробови нема никаква врска со Ко -вид 19, почетокот на проблемот, пред две години и развојот на болеста беа скоро исти.

Од една страшна инфекција добиена заедно со грип и после недобро направена дијагноза, за неколку месеци стигнав до внатрешно кр в-ар ење, и до метас-тази кои ме раздрмаа и физички и психички до максимум.

Сепак, засега барем низ оваа моја последна животна епизода поминувам како да ми е почеток на еден нов, поубав и посреќен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост…

За да биде сето тоа уште потешко и поемотивно, дојде и веста за влошување на здравјето и упокојувањето на мојот татко Владе. Ете таков е редоследот на нештата низ кои минував во периодот на последните 2 години, заедно со мизеријата со вирусот, која ни го поремети животот на сите нас.

Јас сепак не го пишувам сево ова за да се жалам, туку напротив за да се пофалам со фактот дека во овој тежок период на животот, кога со моето нарушено здравје стигнав и до тоа да не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен, да сум сепак позитивен, ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега во последните две децении“, изјавил композиторот.

Потоа, тој зборува и за своите деца и внуката, но и за односот со поранешната сопруга, Маријана.

+ Токму во најтешкиот период на животот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на синот Филип и снаата Анастасиа, па веридбата на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик. Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполети со Маријана, јас и најблиските од двете страни на нашите семејства.

За мојот однос со децата би можел да зборувам со денови, но за оваа прилика би сакал само да напомеам дека си ги сакам најмногу на свет, а во исто време сум и преблагодарен на Маријана што не дозволи нашата разделба и развод негативно да влијаат на мојата врска со нив.

Истото пробав да го правам и јас, свесен дека децата не се ни најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нашата врска не успеавме да ги надминеме.“, изјавил Тоде во интервјуто.

Тој прозборел и зошто се разделил од Маријана:

Животот во Австралиа мене лиčно ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости кои доаѓаа од примитивци кои не принудија да одиме дури и по австралиските судови, ни од заканите по живот кои ни стигнуваа напишани на наш македонски јазик, ни од стравот дека целата работа и нашиот скромен имот, ни виси на конец од истите тие луѓе кои ни доаѓаа на кафе и ни изигруваа пријатели…

Ете тоа мене лично ме направи неспособен за компромис и за пребродување на кризата во нашата врска. А јасно е дека без компромс, врски не постојат.“

Претходна статијаВане Цветанов им сподели на пријателите тaжнa вест од неговиот приватен живот: Сакам да ве информирам дека се разделивме со Дунавка
Следна статијаВедрана Рудан откри дали се омажила за 16 години помлад маж (ФОТО)