Против сите правила на медицината: Бебето кое го преживеа абортусот (ФОТО)

0

Никој нема објаснување за тоа како бебето го преживеало процесот на прекинување на бременоста, абортусот.

Британката Вики Харпер (24) открила дека е бремена по трет пат, па затоа решила да абортира поради лошата финансиска состојба.

Никој нема објаснување за тоа како бебето го преживеало процесот на абортус.

Вики веќе има две деца – Роса (2) и Лејла (5) и се наоѓа во многу тешка финансиска состојба, па во тој момент не беше подготвена за трето дете, но во јуни минатата година заборави да пие апчиња за контрацепција и остана во блажена состојба.

– Тоа беше најтешката одлука досега за мене. Ги сакам децата најмногу на светот, тие се моето богатство, но тогаш немав сила за трето – изјави Вики, која живее на северот на Шкотска.

Таткото на нејзините деца е млад човек, Кинан Мекивор (19), кој по професија е столар и за жал не заработува многу пари. Потоа и рече дека таа треба сама да одлучи што ќе прави и дека тој ќе ја поддржува во сè.

Тогаш Вики реши да замине на хируршко прекинување на бременоста, со што требаше да се отстрани фетусот со помош на вакуум.

– Кинан отиде на лекар со мене. Ме држеше за рака. Плачев малку, но и двајцата знаевме дека тоа е најдоброто решение, објасни таа. Како што рече, истиот ден сфатила дека нешто не е во ред.

– Сè уште бев уморна и со вртоглавица, а порано се породив двапати и точно знам како изгледа сето тоа – истакна Вики.

Така, таа направи тест за бременост дома и беше позитивен. Лекарот и рекол дека е можно некои хормони за бременост сè уште да се во нејзиното тело и дека нема причина за грижа.

– После тоа, не добив менструација два месеци, и бев сигурна дека бебето е сè уште таму – призна таа.

Девет недели по неуспешниот абортус, тие направија ултразвук, што јасно покажа дека е бремена. Повторниот абортус не беше можен бидејќи таа беше во 16-та недела од бременоста, а по 12-тата недела овие постапки се вршат исклучиво во итни ситуации, доколку постои поголема опасност за мајката или фетусот – инаку абортусот е многу опасен здравјето на мајката.

Тогаш сепак решила да роди бебе. На почетокот на март, Вики роди прекрасно мало момче, Џек, кое е целосно здраво.

– Тој е посебно дете. Го сакам многу. Ќе му го кажам сето ова кога ќе биде доволно стар за да разбере зошто сакав да го сторам тоа.

Сега сум среќна што преживеа и го сакам повеќе отколку што некогаш мислев дека ќе сакам некого – ја заврши својата неверојатна приказна Британката.

Претходна статијаЗа ФОКУС проговори сопругата на селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски Мрме
Следна статијаФросина: Да бевте во Германија ќe го правевте ли ова – зошто мислите дека баш вашиот подмладок е привилегиран да не почитува правила