За ФОКУС проговори сопругата на селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски Мрме

0

На 13-ти јуни, нашата фудбалска репрезентација ќе дебитира против Австрија во Букурешт на ЕП. Погледите на јавноста се свртени кон кормилото на репрезентацијата, Игор Ангеловски – Мрме.

Човекот под чие лидерство се случи историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, во ова интервју ви го претставуваме преку очите на неговата животна сопатничка, најголем другар и верен поддржувач во добро и лошо.

Неговата сопруга Тања, мајка на нивните три деца, близнаците Лука и Луна кои на осми декември ќе полнат 11 години и Леа, која на трети септември ќе наполни седум години, е жена која не ја крие неизмерната среќа поради успесите на сопругот.

По професија таа е дипломиран правник, вработена во МИОА, и вели дека е горда што е реализирана и професионално и приватно, како сопруга и мајка.

Љубезна, со голема верба во мисијата на нејзиниот сопруг, кого го запознала на свои 17 години, таа за читателите на ,,Фокус” раскажа како започнала нивната љубовна приказна, но и за заедничкиот пат до успехот, кој го чекорат заедно, водени од безусловната љубов.

Фокус: Како започна вашата љубовна приказна, кога се запознавте, како знаевте дека ова е тоа, вистинското? Кои се предизвиците кои ви ги донесе заедничкиот живот?

Ангеловска: Со Игор ме запозна мојата другарка Ирена со која учевме заедно во Средното економско -правно училиште ,,Борис Кидрич“, сегашно ,,Васил Антевски – Дрен” во далечната 1995 година на една случајна средба кога имав 17 години.

Игор и тогаш и сега има негов препознатлив начин на комуникација и интригантен хумор. Секогаш кога е опкружен со луѓе тој го има главниот збор.

Кога имате сопруг кој работи јавна професија се соочувате со секакви животни предизвици, но сметам дека сите луѓе на денешницава се среќават со предизвици, не само јас.

Вистина е дека најголемата подршка на Игор сум јас и нашите деца, спокојот и смиреноста ја црпи од семејството. Предизвик е да го земете целиот товар околу домот, воспитувањето на децата и секојдневните обврски на себе, но тоа јас го нарекувам безусловна љубов.

Фокус: Кога вашиот сопруг ја презеде фудбалската репрезентација, беше тоа тежок период за македонскиот фудбал. Верувавте ли во него, можевте ли да претпоставите дека еден ден ќе ја запише Македонија како учесник во Европското фудбалско првенство?

Ангеловска: Во врска со ова прашање ќе се навратам на периодот кога престана со неговата професионална играчка кариера. Многумина професионални спортисти кога ќе престанат да играат професионално не знаат што со себе. Со Игор тоа не беше случај, тој точно знаеше што му фали на Македонскиот фудбал.

Во тоа време во фудбалскиот клуб ,,Работнички“ дојде до промена на сопственикот. Набрзо по формирањето на управата во клубот, беше повикан на разговор.

Игор имаше спремен план и стратегија во неколку фази за тоа како треба еден клуб да функционира. Тогашниот и сегашен претседател г-дин Драган Поповски му ја довери една од поважните функции во клубот, спортски директор.

Довербата ја оправда со макотрпна 12 часовна работа и го реализираше планот кој го имаше зацртано.

Целото интервју прочитајте го на фокус.мк

Претходна статијаЦела Југославија лyдyвaшe по него, го снема, се пресели во Германија, а еве како сега изгледа славниот пејач (ФОТО)
Следна статијаПротив сите правила на медицината: Бебето кое го преживеа абортусот (ФОТО)