Фросина: Да бевте во Германија ќe го правевте ли ова – зошто мислите дека баш вашиот подмладок е привилегиран да не почитува правила

0

Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина секој ден е полн со посетители. Вчера имало над 6.000 гости не само од земјавата туку и од Србија и Косово. Со тоа за само една недела од отворањето паркот го посетиле 25.000 лица.

Иако во паркот е забрането посетителите да се качуваат на динасаурусите и местата каде тие се поставени се оградени со јажиња, сепак голем број не ги почитуваат правилата.

Не само децата, туку и возрасните влегуваат во забранетиот дел и се качуваат на карпите за да бидат поблиску за сликање до динасаурусите.

Децата ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш и за заби диносаурусите, во устата им ставаат камчиња и зеленило.

Вработените во Дино паркот велат дека иако има редари бидејќи секој ден има многу посетители не можат да ги контролираат сите.

„Апелираме до сите посетители да се почитуваат правилата на однесување, за да не се оштетат реквизитите и паркот уште долго време да биде атракција во Скопје“.

Фросина од Скопје имаше коментар на ваквите информации од Дино паркот:

„Зошто мислите дека баш вашиот подмладок е привилегиран да ги крши правилата само заради сопствен ќеиф и дали знаете каква порака им испраќате на вашите деца со тоа што им дозволувате да кршат правила?

Индиректно им кажувате дека правилата постојат за да се прекршат, а тоа многу ќе ги кошта во животот ако мислат дека се привилегирани да прават се што ќе посакаат.

Конечно нешто убаво во градов, а вие и вашите невоспитани деца ќе го уништите за брзо. Под итно повеќе обезбедување да се вработи и да се казнуваат сите што не ги почитуваат правилата.

Ваква стока од народ не заслужува ништо убаво. Не знам само дали да бевте во Германија ќе го правевте ова или таму пошто има ред, поредок и пред се култура на однесување ќе ви беше срам да ги кршите правилата, затоа што ќе бевте единствени и сите ќе ве гледаа со неверување колкав дебил може да е балканчето.

Ама ова е Мк, слободно униш тувајте. Тргнете прво од себе колку сте деструктувни заради сопствен ќеиф, па после нека не ве чуди зошто и политичарите не почитуваат ни едно правило и ни еден закон. В

ие не знаете да испочитувате ред во парк. До нас е. И ако ни е. И немојте во ни еден случај да сте се обиделе со коментар да го релативизирате ова со цел некако да го оправдате ваквото однесување.“

Претходна статијаПротив сите правила на медицината: Бебето кое го преживеа абортусот (ФОТО)
Следна статијаАлачки наполни 53 години, но има и уште една причина за славење (ФОТО)