Нашата позната пејачка кажа што прави кога некој ја нервира, и им даде важен животен совет на сите

0

Групата „Ареа“ е една од нашите најпознати рок групи, препознатливи поради специфичниот стил во нивните песни.

Тие испејаа повеќе незаборавни хитови како „Сите мои слики“, „„Јас сум ти пријател“, „Врати на имагинација“….

Групата е од Гостивар, а нивна пејака е Ружица Милошевска- Брчиоска. Нејзиниот сопруг Ивица Брчиоски е исто така дел од групата и автор.

Ружица е подолго време вработена во ЕЛЕМ, како електро инженер, и како раководител на служба за електро одржување.

– Многу од песните за мене имале и имаат силни пораки, а тоа ми го потврдуваат и многу од младите луѓе кои доаѓаат на нашите концерти.

На пример, по еден наш настап во клубот „Хавана“ во Скопје, еден дечко ми пријде и ми рече дека „Ареа“ е важен дел од врската со неговата девојка.

А такви и слични нешта, ми кажуваат дека многумина се пронашле во текстовите. И тоа е супер“, изјави Ружица во едно интервју за Женски магазин.

Ружица и Ивица имаат ќерка Елена, која е студент. „Елена има 23 години. Талентирана е и за музика, но не го одбра тој пат во животот. Ја одбра архитектурата“, изјави Ружица за својата ќерка.

Познатата пејачка е вегетаријанец и многумина ќе се согласат дека таа како да не се менива, туку изгледа многу младолико, како на почетокот на кариерата.

Веројатно дека начинот на исхрана е причина за добра линија, но тука сакам да напоменам дека и внатрешниот став е доста важен за изгледот.

И не само за изгледот, туку и за целокупното здравје. Согледав дека многу е важно да не живееш стресно, колку што е тоа можно.

Или пак со други зборови да можеш да го обработиш стресот и да го исфрлиш од себе, да извршиш детоксикација, за да не може да ти наштети“, вели Ружица.

Верувале или не, Ружица наполни 53 години. Таа на Фејсбук објави фотографии како го слави роденденот во пандемски услови во април месец, само со најблиските.

– Колку сме, токму сме. Happy B-day to me“, напиша Ружица под сликите од семејната прослава.

Ружица која со групата Ареа ја промовираше песната Отсекогаш, пред извесно време луто изрегира на Фејсвук, прортив сечењето на дрвата во Гостивар:

Уште колку ќе сечете од овие драгоцени дрвја вие уништувачи на животот??? Липата е следна или сега конечно ќе застанете откако си го исчистивте теренот? Птиците остануваат без дом, ние без воздух, ама тоа вас не ве интересира, нели? Или тоа воопшто и не можете да го сфатите, тоа воопшто и не допира до вашата свест???

Во својов нов пост, пејачката дава поучен животен совет. Животната филозофија на Ружица може да помогне на многумина и вели:

-Ако нешто многу те нервира, наместо да трпиш или бараш издувен вентил во друго, преземи активност во врска со тоа. Каков и да е исходот, смиреноста доаѓа зашто си се соочил со проблемот, а не зашто си избегал од него!

Претходна статијаНоне се спакува и летна од Македонија (ФОТО)
Следна статијаАнастасија и Пријовиќ исто облечени, со деколтето и со голите нозе го здрмаа белградскиот сплав (ФОТО)