Алачки наполни 53 години, но има и уште една причина за славење (ФОТО)

0

За Адријана Алачки, шест јуни е голем ден. Имено, познатата пејачка и авторка на емисијата „Вкусот на традицијата“ го слави овој ден токму поради својата емисија.

Нема кој ја нема гледано Алачки која готви во кумановското Етно село, и по секој рецепт завршува со нејзиното познато мх,мх.

Рецептите на Адријана ги имаат пробано луѓе ширум светот, таа емисиите ги снимаше речиси на сите континенти, а последно беше во Хрватска од каде што најави интересни прилози.

– 6 јуни, 2011 година се емитуваше првата емисија Вкусот на традицијата на Алфа Тв. Денес ни е и Вам и на нас роденден.

Ви благодарам што токму поради Вас постоиме и Вие сте заслужни за овој јубилеј. Благодарам на сите верни соработници, организации на жени, благодарам на Етно село Тимчевски.

На Кизо Јорданов со кој ја започнав реализацијата на проектот и целата техничка екипа на Алфа Тв, Зоки, Горан, Були, Игор, Емши, Дејан, Целе, Ивица, Стево, Ирена….

За сите 2000 емисии во Македонија и преку 100 репортажни ширум светот. Благодарам што ни верувате тоа е нашиот најголем мотив. Нека се множат, со Вас драги наши гледачи. Среќно!“, напиша Адријана на Фејсбук.

Но, таа го славеше и петти јуни, нејзиниот роденден. Адријана наполни 53, а минатата година рече дека во карантин славела сама и имала најубав роденден.

– Внуката, ќерка ми и зетот не можеа да ми дојдат на гости. А како да дојдат, бевме во карантин. Син ми беше заминат во викендица. Затоа, овој роденден го поминав сосема сама.

Внука ми Јана ми испеа роденденска песна и ми подари торта, но еден ден пред да започне карантинот. Со син ми се видовме на вибер.

Имав илјадници повици од целиот свет. Телефонот не престана да ѕвони цел ден. Сите судии од „Гастромак“ од сите кониненти ми се јавија.

Од Москва пријателите ми снимија специјално видео, од Маурициус коктели ми правеа. Не можете да замислите колку ми беше забавно.

Најинтересната честитка, вели таа, дошла од легендарниот готвач Стево Карапанџа од Хрватска, кој своевремено заедно со Оливер Млакар ја снимаше популарната ТВ емисија „Малите тајни на големите мајстори на кујната“.

„Стево и неговата сопруга Рената отворија шампањско специјално за мене. Епа, не можам да ви ја опшам среќата кога ги видов“, изјави за Женски магазин Адријана.

По повод својот 53 роденден, таа напиша објава на Фејсбук, за да им се заблгагодари на блиските за честитките.

-Драги мои пријатели, познати и непознати, сакам да Ви се заблагодарам што ми го честитавте роденденот! Но сите ваши повици, пораки и честитки ми го направија денот најубав, како разгледница низ животот ме водевте, како да го гледав најромантичниот филм и да ја читав најубавата книга.

Никогаш досега немав таков роденден, толку полн од љубов и внимание со толку пријатели од сите континенти.

Ме посетивте дека низ годините си оставивме траги на взаемни дела и почит а од таму и желба да одвоите за мене време и ми ги испратите тие илјадници пораки.

Колку сум богата што Ве имам, ве љубам и ми значите. Ја добив најубавата торта од внуката Јана. Дај Боже секогаш да имаме убави нешта да споделуваме.
Бидете ми здрави и живи“, објави Адријана со слика од внуката Јана.

Претходна статијаФросина: Да бевте во Германија ќe го правевте ли ова – зошто мислите дека баш вашиот подмладок е привилегиран да не почитува правила
Следна статијаОваа жена не старее: Светлана Црнокрак во купаќи на плажа, а откри и која и е вистинската професија (ФОТО)