Зорица Заева со компелтно нов имиџ, струмичкиот стилист е заслужен (ФОТО)

0

Драган Гоцев, моментално важи за еден од најперспективните стилисти за шминка и фриузра кај нас. Иако е доста млад, со напорна работа и труд успеал да направи досега многу во неговата кариера.

Низ неговите раце поминале многу познати личности од српската, бугарската, но и од домашната естрада, а она што го прави можеби привелигиран, е тоа што Даци е личниот фризер и шминкер на семејството Заеви.

Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ, тој зборуваше за соработката која ја има со семејството Заеви, односно Александра Заева, Ева Заева и Зорица Заева.

За нив вели дека се обични луѓе, исто како и сите други кои влегуваат во неговиот салон. Додаде и дека немаат некои посебни барања, а за сопругата на премиерот кажа дека не пати од тоа да носи брендирана облека.

Тој во истото интервју кажа дека Елена Ристеска и Сашко Коцев се негови фаворити за тип-топ средени јавни личности од Македонија.

-Многу е интересно кога луѓето пристапувата на некоја фунција кај нас, тоа треба само по себе да значи големина, што не е случај и кај нив, што за мене е особено нешто важно. Луѓето остануваат луѓе до крај, без разлика на тоа на која позоција зе поставени“, рече Драган Во Бекстејџ.

Потоа зборуваше за ќерката на Зоран и на Зорица Заеви, Александра и за Ева, ќерката ан Вице, братот на премиерот. „Тие кај мене доаѓаат од многу мали.

Од 13 години доаѓаат кај мене, и со текот на годините нормално е и дека нивните стилови се менуваат. Најпрвин ги имам нашминкано јас“, рече стилистот.

Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев повторно изненади со изгледот.

Овој пат, нејзината коса е драстично осветлена, а нејзиниот стилист за коса, струмичанецот Драган Гоцев – Даци се погрижил да изгледа беспрекорно како и секогаш, објави Женски магазин.

Зорица е лик којшто не пати од фрустрации да носи брендирана гардероба. Таа едноставно не облекува така како што ѝ диктира протоколот, но и така како што се чувствува најкомотно“ изјави Драган за Заева.

Претходна статијаДарио откри од што живее откако не пее и го продаде кафичот
Следна статијаФерус Мустафов: Со пензија од 9.000 денари едвај имам за струја, а каде е храната?