Ферус Мустафов: Со пензија од 9.000 денари едвај имам за струја, а каде е храната?

0

Ферус Мустафов, мајсторот на дувачки инструменти во една прилика изјави вели дека музичката сцена е во криза и откри дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.

„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно.

„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, рече Ферус пред пандемијата.

Иако своевремено Ферус тврдеше дека жените како и музиката го одржуваат во живот, изгледа дека работите веќе се смениле, па сега се држи само до музиката и неговата сопруга.

Во 2011 година на прашањето колку жени поминале во неговиот кревет, бидејки важеше за голем заводник и срцекршач како млад, еве што одговори:

„Ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам. Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кревет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван.“

Ферус за ММС.мк изјави дека тој е во добро односи со сите свои колеги.

-Јас фала му на Бога живеам со сите, не се мразам со никој и никогаш не сум забележал некој да не ме почитува. Ме почитуваат и овде и надвор. Ее тоа да се постигне е многу тешко, ама јас го постигнав. Затоа пак ќе речам, само треба да си човек, ништо друго не е потребно. Еве еден пример ќе дадам.

Со син ми шетаме низ град и влеговме во еден дуќан. Кога влеговме сите ме поздравуваат, ме прашуваат како сум. Кон мене така реагираат сите.

И не е само тука, такво почитување јас имам и тоа многу повеќе надвор од државава. Е тоа е многу важно не само за мене за било кој од нас. Да се почитуваме.

Ако не е човек што сака друго нека биде. Ама тоа е тешко да се постигне. Па нас повеќе не утепа короната, отколку зборовите. Ако продолжи вака ќе заборавиме и да свириме, додава тој.

Потоа, за истиот портал зборувал за тоа како издржал финансиски во време на вирусот.

– Како издржав? Ете издржав некако и уште издржувам и јас и моите колеги. Мора живот да се тера, мора сметки да се плаќаат.

Јас не сакам пари да ми даваат, не сакам милостиња од никој. Сакам да не пуштат да работиме, сам да си платам сметки, да има за храна и за сите основни човекови потреби“.

Во Вечер.мк Ферус изјави дека тешко живее од неговата мала пензија.

-Поради короната останав без работа, без популарно наречените тезги. Со мојата пензиичка од 9.000 денари не се живее. Српска пензија не добивам бидејќи не сум нивен државјанин иако во Србија имам настапувано повеќе отколку во Македонија, објаснува Ферус.

Што можам со тие кои не се ни 150 евра? Национална пензија Македонија не ми дава, а таа е колку што знам преку илјада евра.

Со овие сега, можам да платам некоја помала сметка и толку. Струјата не можам да ја платам кога е зима, ладно, а морам да се греам.

А, јадењето каде е? Тоа е најскапо. Треба нели здраво да се храниме. Далеку е овој народ од здравото јадење, има многу болни луѓе кои немаат пари за лекарства.

Тешко ми е, ама ќе се издржи. Важно останав жив, се придржувам до сите здравствени мерки. Ама понекогаш трпението ми попушта. Не е лесно“, изјави за Вечер кралот на ромската музика.

Претходна статијаЗорица Заева со компелтно нов имиџ, струмичкиот стилист е заслужен (ФОТО)
Следна статијаОткако раскина со дечкото, Милица Тодоровиќ закопчана до грло му посвети песна