Дарио откри од што живее откако не пее и го продаде кафичот

0

Дарио Панковски својата музичка кариера ја започна во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се:

Добрите девојки, Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест. Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“.

Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

Дарио во 2018 и во 2019 година, постигна голем успех на Хрватскиот пазар, со хрватската верзија на песната “Што е мое ќе си дојде”, која произлезе како резултат од успешната соработка со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ.

Дарио сними уште една своја македонска песна на хрватскi јазик. Станува збор за песната “Жена за милијун година”.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.

На 23 јануари, Дарио и неговата Бојана прославија 32 години брак. Во една прилика, тој раскажа како се запознал со својата сопруга.

-Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре. Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше.

Ми беше многу тешко да ја освојам“, раскажа Дарио во Женски магазин за Бојана која во осумдесетите дошла од Врање, да студира во Скопје. Бојана е инаку родена во српскиот град Ниш.

„Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање.

Можам слободно да кажам дека стројник ни е легендарниот водител и диџеј Драган Б. Костиќ. Тогаш се искачаше кај него, во диско „Турист“, а Драган, кој е мој близок пријател ме запозна со Бојана.

Како диџеј, пушташе сентиши кои девојките ги сакаа, а Бојана најмногу ја сакаше „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) од Блек. Костиќ ја пушти една вечер, специјално со неа. И ете, Бојана си доби прекрасен живот со мене, а јас со неа многу повеќе од тоа“, раскажа Дарио.

Откако почна пандемијата, Дарио не е активен на музичката сцена. Песна која ја сними во април во 2020 година е „Еј животе“, а Дарио ја има псоветено на ситуацијата во која живееме сега.

Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година. А како одат години, се’ некако се пократки.

Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме“, порача тој во песната.

Сега, Дарио пак се врати во студио, и со оваа убава вест се пофали на Инстаграм.

-После година и кусур повторно во студио. Со Габроски снимаме нова песна…весела, разиграна, оптимистична, со гас до даска! Баш за инат на оваа долга и никаква тмурна атмосфера. Што би рекле комшии, “клин се клином избија!!!”, рече Дарио.

Тој сега сними нова песна за која рече дека била малку хунмористична, а се вика Кој чека ќе дочека.

Како и секој нормален човек, најмногу чекав и сè уште чекам да се релаксира целава ситуација и да почнеме со нашите професионални активности, изјави Дарио за Женски магазин.

Тој претходно имапше свое кафуле кое го го продал, па во продолжението на разговорот откри од што живеел.

-Кафулето го продадов пред пандемијата, така да беше сè ок. Настапи немаше, но и покрај тоа периодов го поминавме без никаков проблем, благодарение на мојот долгогодишен минат труд.

Не знам колку ќе биде тешко враќањето во нормала, но сигурно ќе биде бавно, ама “кој чека ќе дочека”, нели?

Не сакам повеќе да зборувам за вир-уси и вакцини, сакам да гледам напред и да зборувам и да пеам за многу поубави работи кои го сочинуваат животот“, рече Дарио.

Претходна статијаМилена од Канал 5 сподели емотивна прикана за Иван Огњановски, човекот во чии гради чука срцето на Емилија Динева
Следна статијаЗорица Заева со компелтно нов имиџ, струмичкиот стилист е заслужен (ФОТО)