Живкица е одлична домаќинка, а се пофали и со „мајка природа“ (ФОТО)

0

Живкица Каленикова долги години е успешен ТВ и радио водител и новинар. Нејзиниот последен ТВ проект беше емисијата „Тунел“, и таму со соговорниците разговараше на актуелни, но и помалку слушнати теми од нашето секојдневие.

За своето одбележје, а тоа е брзиот говор по кој е караткетристична таа искоментира во едно интервју за Женски магазин:

-Брзото зборување е дел од мојот карактер. Сите ние имаме свои обележја. На почетокот кога учевме и вежбавме говор итн. Лилјана Крстева се обидуваше да ме коригира кога е во прашање брзината.

По неколку гафа, бидејќи се обидував вештачки да ја коригирам брзината, а мислата си течеше, сфативме дека навистина е подобро да си остане моето темпо, такво какво што е. Потоа Лилјана ми велеше добро е што јасно и читливо зборуваш, нека остане така“.

Живкица е сега среќна сопруга на Зоран и мама на три, два сина и една ќерка. Во интервју за Фешнел, таа зборуваше за своите деца и спомена на што ја има научено мајчинството.

– На максимална посветеност, одговорност, трпеливост, неизмерна и безусловна љубов, секојдневна инспирација, мала исцрпеност, но и на неверојатна моќ и сила да бидете полни со енергија тогаш кога ќе помислите дека сте преуморени.

Даријан – лидер , Марко – борец и Ана – итрица.

Даријан е многу самостоен можеби и со самото тоа што за брзо време стана поголем брат го направи лидер во тројката, Марко типично за децата во средина се бори за своето место под сонцето и сѐ мора да направи што прави и неговиот брат.

Секогаш мора да му се потврди дека е најдобар најумен, и голем маж (се смее). Ана е навистина миленичка на сите, особено на нејзините браќа и дури откако родив девојче ми стана јасен муабетот за девојчињата и нивната природна итрина“, рече таа за децата.

Живкица е и одлична домаќинка и често споделува фотографии од здравата и вкусна храна храна која ја подготвува за нејзините најблиски.

Таа е и практична, а тоа најдобро се гледа од една објава на Инстаграм, во која таа ги советува домаќинките како од едно да направат две, како што неа ја научила нејзината баба.

Не сакам да фрлам храна или како што баба ме учеше од едно две. Од божиќната мисирка вчера,денес чорба со зеленчук. На здравје дечки. За многу години празниците“, напиша Живкица под сликата од ручекот кој го подготвува.

Нејзиниот Фејсбук статус раскажува вистинска приказна што ѝ се случила движејќи се низ Скопје, и зборува за тоа колку и во ова време на пандемија може убаво да се живее.

Една непозната девојка денес ми го стопли срцето и баш ми го направи денот , имено на семафор излегува на дождот се фаќа за задната врата од мојот автомобил.

Јас благо изненадена и само ми вели отворена ви беше вратата , просто се шокирав , не ми свиреше , мафташе да ми укаже како што обично сите правиме не мислеше на себе да не наврне туку едноставно помогна.

Девојко алал ако се прочиташ , пиши едно кафе честам. Дечки можеме многу убаво да живееме. Да бидеме љубезни“, напиша Живкица.

Таа објави слика со уште личност која изгледа дека ѝ го топли срцето, а тоа е нејзината пријателка Маја. Живкица изгледа среќна на сликата со својата пријателка и под неа напиша: Природна убавина, што би рекле инфлуенсери, но филтер.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаДецата ќе дојдат: Анастасија прозборе за мајчниството
Следна статијаКомшиите на Дино Мерлин го опишаа каков е