Децата ќе дојдат: Анастасија прозборе за мајчниството

0

Анастасија Ражнатовиќ е многу блиска со нејзината мајка која сама ги воспитуваше неа и брат ѝ Вељко.

Младата музичка ѕвезда објасни зошто е горда на својата мајка и откри од што се откажала Цеца заради своите деца со цел да ги поведе на вистинскиот пат.

– Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца.

Самохран родител треба да носи сè сам на грб.

Мајка ми е цел живот јавно изложена на многу работи. Сето тоа ја отежнуваше ситуацијата, бидејќи беше со голем притисок во јавноста, но Цеца мораше да биде и добра мајка.

Јас сум многу гордa на неа, секогаш и засекогаш – рече Ражнатовиќ и испрати силна порака до сите самохрани мајки:

– Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот.

Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријатели на своите деца, и сè ќе биде како што треба.

Децата ќе знаат како да го ценат тоа“, откри Анастасија. За потсетување, нејзиниот татко, Жељко Ражњатовиќ си замина од овој свет на 15 јануари во 2000 година.

Младата музичка ѕвезда зборуваше и за своето момче Ѓорѓе Кулиќ, кој не е експониран во јавноста.

Имајќи предвид дека нејзиниот брат Вељко е оженет и има син, екипата ја Блиц ја праша дали околината, роднините и пријателите брзаат таа да стапне на лудиот камен и да стане мајка.

– Сите ме прашуваат тоа и тие се многу напорни. Нема правила, секој е индивидуа за себе.

Брат ми реши да го стори тоа сега, јас сè уште не сум се решила на тој чекор и мислам дека ќе дојде некако сам по себе.

Ништо не треба да се форсира, така е најдобро, спонтано.

Мислам дека сега е моментот кога треба да работам на мојата кариера, а децата дефинитивно ќе дојдат“, рече Анастасија.

Претходна статијаСузана Спасовска се прости од драг човек: Ти верував до крај
Следна статијаЖивкица е одлична домаќинка, а се пофали и со „мајка природа“ (ФОТО)