Тања Кочовска едвај спасила жива глава во Бугарија

0

Тања Кочовска многумина ја нарекуваат царица, затоа што е одлична актерка, пејачка и жена со многу ведар дух секогаш.

Кочовска ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар. Во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.

-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.

Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.

Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски. Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.

Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела. Во септември минатата година, Тања и Предраг прославија 25 години брак, на Денот на верата, надежта и љубовта.

Тања на оригинален начин се пофали за годишнината на Фејсбук. Таа објави фотографија како на Предраг му мери притисок.

Пред неколку дена му беше роденден на Предраг, и Тања на само нејзин оригинален начин му честоиташе на својот профил на Фејсбук: Тања кратко и јасно напиша: Среќен роденден колега, и објави слика од неа, од Предраг и уште од неколку нивни колеги актери.

Тања ја раскажа целата своја љубовна приказна со својот колега во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.

– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.

Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.

– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.

Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.

И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час.

И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сè ми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат“, раскажа Кочовска.

Работата на глумците често пати ги носи на патување во други градови и држави каде ги играат своите претстави. Овие патувања секогаш се исполнети со авантури и анегдоти.

Еве една анегдота од едно од патувањата на Тања Кочовска, на кое едвај извадила жива глава…, а Тања Кочовска ја раскажа во Еден на еден, емисијата на Жаре кога со колегите била во Бугарија.

-Еднаш се тумбавме со комбе во Бугарија, се излизгавме малце, се свртевме малку. Добри сме, фала богу, добри. Со појаси бевме, ама напред има појаси, позади нема. Летавме.

Јас само се сеќавам дека затворив очи дека паднав на стаклото, така се преврте, за да не ми ги исече очите. И во лимен сандак волкав имавме реквизити.

На тој лимен сандак, тука лежеше Владимир Лазовски, што беше заменик министер“, раскажа Тања за незаборавната турнеја со колегите актери и продолжи:

И него го поклопи сандакот. И после го зезавме, што не си остана уште малце внатре, после ќе те донесевме во Скопје. Знаеш она пост катаст-рофа кога ќе те фати, се смеевме до солзи три дена.

А јас одма, не може да се изгасне комбето, прво ми беше- изгасни, да не тече, да не се запали. Одма земав ташната, камерата, и летам надвор. Ама, први не дочекаа музиканти, ама прво тапаните, кај нив во рака беа. Први излетале“.

Потоа Бугарите ги прашале: Ами, вие ли сте музиканти? А ние искачаме со интрумети. Тапаниве кај нив во рака. И се стркалале назад“, раскажа Тања за својата неверојатна случка кога оделе во Бугарија на претстава.

Претходна статијаНашата позната пејачка ја згреши химната на Македонија и два дена плаче поради тоа
Следна статијаПроф. Трајковски: Не е ништо завршено – Германија воведе мерки на граница, а и во Британија состојбата добива поинаков тек