Нашата позната пејачка ја згреши химната на Македонија и два дена плаче поради тоа

0

Нина Јанева е една од нашите најпознати пејачки, позната по својата квалитетна изведба и карактеристичен вокал. Нина својата кариера ја започна во женската група „4 плеј’.

Нејзиниот талент беше откриен на натпреварот „Плеј, потрага по ѕвезда“ кој своевремено го организираше продукцијата „М2“.

На истата сцена со неа започнаа и Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Сања Лефкова и други.

Нина и нејзиниот сопруг Александар од 2019 година ги живеат најсреќните мигови. Нина и Александар, кои се венчаа минатото лето, на 19 септември ја добија ќерката Арија.

За интересното име на ќерката, Нина рече дека е музикалната верзија која победила помеѓу два избора.

„Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот“, напиша Нина за ќерката кога ја роди.

Јанева секогаш јавно упатува критики за она за што смета дека не е добро во нашето општество и е секогаш отворена и директна. Последниот нејзин јавен Фејсбук статус е таков.

„ МАКЕДОНИЈА: Не постои друго општество и држава која толку многу ги фрустрира сопствените граѓани, сопствените чеда..

Не постои друг народ кој одамна веќе не ја почитува својата држава колку и да ја сака својата татковина..

Не постои друг народ кој толку пати во обид да си ја прехрани фамилијата.. Не уништивте, не спремивте за мен тални и казнено поправни институции…

Се будиме и легнуваме разочарани од сопственото, сопствениот и сопствените. НЕ УБ -ИВТЕ! НЕ ПРЕДАДОВТЕ!

Зарем не ве боли кога го гледате ваков народот свој? За пари? Во гр об ли ќе ги носите? Нели ви е доста? Имате ли трошка емоција за нашите деца, за нашето достоинство?

Знаете ли дека луѓе одат на работа и не им даваат плата? Управа за Јавни Приходи – УЈП проверете кои фирми немаат исплатено плата на вработените и им должат со месеци, затоа што следниот чекор е медиумски покриен настан кој јас ќе го организирам лично!“, најави пејачката.

Таа денеска се пгласи откако на протестпт за ослободување на осудениците од „27 аптрил“ ја згреши национална химна „Денес над Македонија“.

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив“, изјави Нина за Женски магазин. -Два дена плачам од разочараност од себеси.

Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, објаснува Јанева која по грешката побарала уште еднаш да ја испее химната, откако заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“

Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите…

Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од се. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв, напиша Јанева на Фејсбук откако згреши.

-Првиот пат, втората строфа ја заборавив, отпеав два пати трета строфа. Вториот пат се качив на бината и самата побарав да ја препеам.

Откако народот сфати дека е грешка, затоа што имав доблест по втор пат да се качам да ја пеам химната, а трет пат ја запеав „Налеј“, почнаа да пеат сите со мене до еден“, рече пејачката.

За потсетување, и Тамара Тодевска ја згреши химната на приемот во Амбасадата на САД во Скопјево 2019 година, по повод 4 Јули, Денот на независноста.

Тамара додаде четири стихови, а испушти да испее четири стихови од официјалната државна химна.

Тамара испеа „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, стихови од стари верзии на химната.

Ова е трет пат како државната химна е испеана по грешка на јавен настап. Првиот пат и се случи на Тамара Тодевска во 2013 година, по фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија во Скопје.

Тогаш помина речиси без реакции од јавноста, но кога во 2019 година на прием во Американската амбасада, повторно ја направи истата грешка, беше ставена на јавен линч.

Извинувањата и појаснувањата на Тодевска дека се случила ненамерна грешка беа засенети од говорот на омраза и навредите на нејзина сметка, кои и до денес се актуелизираат, при секое спомнување на настано, објави „Фокус“.

Претходна статијаОва комшивкава моја дошла во град, ама селото си останало во неа
Следна статијаТања Кочовска едвај спасила жива глава во Бугарија