Сузана Спасовска се прости од драг човек: Ти верував до крај

0

Сузана Спасовска е пејачка која со голем мерак и врвно ги пее македонските народни песни кај нас и во дијаспората и публиката во тоа со цело срце ужива.

Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за ексцентричноста во облекувањето по која беше препознатлива.

Нејзиниот одговор за стилот тогаш, но и сега е дека едноставно била чекор пред останатите.

– Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас.

Бев прва во сите стилски лудории. Во тој период немаше стилисти како сега што ги има на секој чекор.

Периките и уметоците во сите можни бои ги носев јас, а повеќето ги набавив директно од театарот во Сиднеј.

Ми текнува на првите леќи за очи во лила боја, трајна шминка, чевли со висока платформа и огромни потпетици, високите чизми над колена, мини здолништа, шорцеви и корсети – раскажа познатата пејачка во едно интервју.

Сузана Спасовска во октомври во 2019 година ја омажи ќерка си Теона, која е вистинска убавица. Во скопски ресторан, нејзината ќерка Теона направи веселба за свадбата со партнерот Виктор Велковски.

Во јануари минатата година, нашата познатата фолк пејачка стана баба, таа го доби своето прво внуче од ќерка си Теона.

Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема!

Денеска, Сузе се прости од еден свој драг човек, Тодор Трајчевски, композитор, аранжер, клавијатурист, кој во нашата уметничко-естрадна и концертна дејност е присутен повеќе од 30 години.

Од 1983 год. беше редовен член на Народниот оркестар на МРТ и има реализирано преку 3000 аудио и видео снимки за потребите на програмите на МРТ, свои композиции и аранжмани околу 1500, како и аранжмани за други автори, фестивалски изданија посебно оние во духот на традицијата и фолклорот.

Тешко е…тажно е… Драг Тошка, од самиот почеток на мојата кариера ме воздигна со хитовите кои вечно ќе траат…Кога љуби мома млада, Робинка, Плати ми, вонвременската “Ти верував до крај” и многу други…

Тошка нели ќе создававме уште музика и проекти, нели имаше нешто специјално за мене??? Ах, драг мој соработнику, композитор и инструменталист на векот, врвен аранжер, пријателе мој, на секое видување пиеше по една голтка од мојот пијалок и велеше дека тоа ми го правиш само мене, за да се пошегуваме и да се насмееме, а јас понекогаш ти се лутев за тоа.

Тошка, кафето и договорите за нови проекти, ете, Бог сакал да останат за некој друг живот.

Ти благодарам што имав бескрајно почитување, што чувствував дека сум посебна за тебе во музичката дејност, што од самиот почеток на мојот пат во музиката ми даде сила и поткрепа за следни чекори во кариерата.

Драг и почитуван Тошка, почивај во мир, Бог нека ти ги отвори рајските порти, зошто ти беше ангел на земјата што јас успеав да го препознаам. За последен поздрав, еве ја нашата “Ти верував до крај”. Слава ти!

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаД-р Никола Пановски: Сега шу праиме?
Следна статијаДецата ќе дојдат: Анастасија прозборе за мајчниството