Синојќа ми дојде во сон: Снеже Велков емотивно за драга личност што ја загуби

0

Пред речиси четири години, сосема неочекувано од овој свет си замина една најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје – Ирина Митевска на возраст од 41 година.

Важеше за една од првите девојки што во Скопје го промовираа ваквиот начин на вежбање, а нејзиното искуство беше ценето од многу наши јавни личности, кои беа дел од нејзиниот тим. Инаку, Ирина беше самохрана мајка и зад себе остави шестгодишно синче.

Една од нејзините пријателки и ученички беше и познаатата водителка Снеже Велков.

– Пилатесот е мојата љубов е енергија и останувам во таа приказна. Ирина се уште живее, во секоја сала е присутна нејзината енергија, секоја вежба носи дел од нејзината мисија. Недостига нејзината насмевка и несопирлива енергија.

Недостига и тоа не се преболува“, изјави Снеже во Репортер за нејзината пријателка.

– Боли Ирина,ми се укочи душава.. Не е ова погледни на часовникот во сала и види, уште само 15 мин од часот и ќе помине се а ти ќе ни речеш “Наздравје вежбање“. Боли драга, не, не е како твоите 5 пати по 96, Боли Ирина бесконечно!

А ми одѕвонува твојот глас АЈДЕЕ МОЖЕТЕ!!…Не можам бе Ирина не…Ти која најмногу веруваше во мене и ми велеше: Ти ќе бидеш нај супер инструктор, ти, која ми беше муза…

Си го чувам ливчето кога ми напиша каде грешам, како гордо треба да се исправам пред вежбачките, како треба да викнам да ме чујат дури до пазарот! Ако сега викнам, ќе ме чуеш ли Ирина?…Ти Ирина.

На сите им кажував за мојата менторка Ирина што личи на Кери Бредшо …Ти драга сега ми го направи најмачното, најгадното, најболното воспаление, кое нема да помине…

Ни со магнезум, ни со вода, ни со друг тренинг, ни со масажа…не Ирина, ќе боли и утре и задутре и по месец и по година…Ќе ги вежбаш ангелите таму горе тие ќе бидат твоите згодници сега…

Проклети нека се, тука ти беа твоите згодници, тука Ирина меѓу нас! И боли, проклето боли …се посилно…

На крајот од секој час Иринке ти дававме аплауз..Денес мила на твојот последен час ќе аплаудираме најгласно најзвучно, да не чуеш Ирина од небото…

Ке аплаудираме за да му заблагодариме на Вечниот Ментор, што ни дозволи да те имаме ТЕБЕ, да ни покажеш што е енергија, љубов, вистинска верба, мотив,да ни покажеш како се се може ако се сака, да се насмееш , да не насмееш…

Ќе се поклониме пред тебе онака балетски како што не учеше гордо, надмено, а сепак понизно пред тебе ГОЛЕМА ХРАБРА ЖЕНО!“, напиша Снеже за Ирина по нејзината загуба.

Сношти, таа ја сонувала својата пријателка и тоа го напиша на Фејсбук:

-Синоќа ми дојде во сон. Со подзарипнатиот ти глас,зарипнат од броење на многубројните ти тренинзи. Вежбаш ли и “таму горе“? Сакав да те прашам..

Дојде во салата како да сакаше да провериш до кај е работата… Си врви работата Ирина.

Се сменија некои работи,некои од вежбачките пораснаа,се омажија,некои дипломираа се вработија добија дечиња.

И сите во PowerHouse частеа.. Убавите нешта тука ги споделуваат..Оти им е убаво..
Оти твојата мисија на другарство, и убава енергија-останаа. Се сменија и други работи,и онлајн вежбањето стана рутина…

Како? Ќе си речеш.. Чудни времиња дојдоа,чудни и неизвесни.На далечина да се гледаме од далечина да си вежбаме.

Да не се зближуваме…за вежби во парови ич да не зборуваме.. Нема еден на друг поддршка давање,секој сам за себе,секој во себе.. Луѓе си одат и доаѓаат,си врви животот… А ТИ драга, дојди ми пак. Убаво ми е да те видам..

И пак ќе ти потврдам мисијата твоја продолжува,ја шират инструкторките, ја поддржуваат вежбачките,ја прават вежбите ја оживуваат спомените. А мене драга, Пилатесот и спортот ми стана начин на живот.

…Дојди ми пак. За да ти ја видам насмевката,така ќе знам дека си задоволна од тоа што го остави како аманет, дека добро си тера…

(Во сеќавање на Ирина Пилатес Митевска девојката која прва го донесе пилатесот во Македонија а која во “горната сала “ се пресели на 30 мај 2017 година. Слава и )“.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНовинарот Огнен Јанески: Никогаш нема да и го заборавам ова на сестра ми Јана – ми го создала најпрекрасниот и најкреативниот подарок во животот
Следна статијаПознатиот диџеј се искара на Фејс: Во ред, радувајте се, ама не очекувајте премногу