Новинарот Огнен Јанески: Никогаш нема да и го заборавам ова на сестра ми Јана – ми го создала најпрекрасниот и најкреативниот подарок во животот

0

Познатиот новинар Огнен Јанески, многу често на социјалните мрежи објавува статуси кои го привлекуваат вниманието на неговите пријатели и фанови и се споделувани. Еден од највпечатливите беше лани, кога од овој свет си замина познатиот музичар и водител Драган Вучиќ, а токму деновиве беше годишнина од тој тажен ден:

,,Сè уште ми е неверно дека Драган Вучиќ повеќе не е меѓу нас. Во шок сум од претпладнево, откако ја прочитав информацијата за неговата смрт. Пред сè, искрено сочувство до Весна и до Мартин и до неговите блиски.

Драган беше исклучителен човек, неверојатен колега, виртуозен басист и пред сè, ретко чесен во шоу-бизнисот и редок професионалец.

Без разлика што многупати и со него сум спорел за неговите телевизиски производи, не смее да се заборави еден факт, за кој допрва ќе треба да се изучува и да се внесе во учебниците за идните дејци во нашата фела…

… Драган Вучиќ е еден од на една рака изброените ТВ-лица во земјава, што секој пат наоѓаше начин да опстане на ТВ-екраните. Повеќе од 25 години и никогаш неповторувајќи се, тој беше постојано присутен.

Кој ќе рече дека не погледнал барем едно негово издание некогаш, а често во континуитет, нека се потсети дали е така, зашто веројатно не е. Тој точно знаеше како да допре до секој еден кој гледа телевизија и да го анимира преку своето водителство кое беше поприлично разнолико.

Го спојуваше и неспојливото, на начин на кој никој друг не можеше. Ги забавуваше и тие – кои никој не ги гледа во земјава. Лично го почитуваа луѓе, кои никој друг не ги почитувал од „големците“.

Драган беше неверојатно креативен, чесен соработник и постојан бизнисмен во македонските медиуми, а повремено и регионално.

Фото: Јутјуб принтскрин

Се сеќавам, на времето (таму некаде – 2009-та) кога работевме заедно во ТВ Сител, ме побара да му снимам глас за реклама, при што уште пред да го слушнам за што е, му реков дека не зајмувам глас за брашна и буреци. Се насмевна и одма ми рече дека не ни помислил да ме најми за тоа, бидејќи гласот не ми бил за такви реклами.

Бев уште на почетоците во овој сектор, па не се ценкав многу за цената која не беше нешто висока. Ја снимив одма рекламата и му ја пратив по меил. Ми рече:

– „Барај ме утре, да ти ги дадам парите.“

— „Де бе, Драган. Ќе се видиме на работа, ќе ми ги дадеш.“

– „Не. Да не ми тежат, те молам побарај ме.“
(по два дена со обврски, изумив да му се јавам) – „Огнен, кај си?“

Фото: Јутјуб принтскрин

– „Еве, дома.“

– „Кај живееш, да ти ги дадам парите?“

– „Чо’ек, ќе ми ги дадеш на работа. Уживај.“

– „Кажи адреса, одма доаѓам, дури задутре сум во ТВ, а пари сигурно ти требаат.“

И така, Драган дојде со своето возило, ми ги даде парите и пред да си замине ми посочи:

Фото: Јутјуб принтскрин

– „Во Македонија, наплатата е особено тешка работа во нашиот бизнис.“

Повеќе од деценија подоцна, сè уште ми одѕвонуваат овие зборови, на секое расправање (некогаш и со месеци) за наплата за завршена работа, со 90% од соработниците во државава.

Фото: Јутјуб принтскрин

Драган ценеше сечиј труд, без разлика на паричната вредност. Точно знаеше како се создава и тоа го немаше заборавено. Затоа секој пат со ќеиф соработував со него, дури и кога ќе ми речеше дека нема многу пари во „тезгата“.

Кој не соработувал и не другарувал со Драган Вучиќ не го знае каков прекрасен колега и другар беше, а неговите совети ми се од исклучителна помош и денес во оваа фела. Ти благодарам, Драган. Прерано нè напушти. Почивај во мир.”

Вчера Огнен Јанески на својот профил на социјалните мрежи, објави какво изненадување му приредила неговата сестра за 34 – тиот роденден:

„За овој 34 роденден, сестра ми, Jana Janeska Risteski ми го создала најпрекрасниот и најкреативниот подарок, кога било во животот.

Рачно направила сè, го правела повеќе од месец, а собирала материјали два-три месеци. Отсекогаш била најкреативна во животот.

Како археолог и историчарка на уметност, копала низ историјата моја, без јас да сетам нешто. МНОГУ УСПЕШНО! Премногу.

Ќе земам, бизнис ќе и’ отворам, кој сака да си порача, да си порача. Мислам дека ќе биде доходовно! Хаха фала сестро. Особено што веќе два родендена со ред сме во пандемија, а журка не можам да направам и еве, си ги собрала сите.

Има дел кои ќе пристигнат подоцна на забавата, но, тргнати се. На македонски не знам како ќе ги наречеме, ама на англиски се вика #booknook ова.

Башка, годинава особено сум среќен што токму датумот на Меѓународниот ден на мајката се падна денеска, на 9 мај, па еве и мајката Gordana Babic Janeska да одбележи денеска плус.

34години, роденден со семејството (покрај спомнатите плус Goran Risteski, Gorjan Risteski, Каја и Блага), а јас oldie, but goldie.“

Претходна статијаАлександра Пријовиќ се покажа во бикини, ужива во луксузна вила на море (ФОТО)
Следна статијаСинојќа ми дојде во сон: Снеже Велков емотивно за драга личност што ја загуби