Познатиот диџеј се искара на Фејс: Во ред, радувајте се, ама не очекувајте премногу

0

Познатиот македонски диџеј Маријан Петровски- Мац, откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија.

Имено, тој е лаборант, и дека ѝ се враќа на медицината, тој објави на својот Фејсбук профил. Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување (вие што не знаевте). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“.

Претходно, тој напиша уште еден отворен статус:

Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш ите чаша на џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

Ама сега сте први дека ние сме срам, не чиниме, ние сме брука .. Ние сме без осет, ние сме виновниците за вирусот .. па уште што не сме најл ошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот. А ние пак преку музика ќе ви ја наполниме душата и ќе отидете дома со уште една не заборавна вечер во вашиот живот!

Едит. И додека бевте во карантин НИЕ ОД ДОМА ВЕ РАСПОЛОЖУВАВМЕ ПРЕКУ МУЗИКА И ПРАВЕВМЕ ДА ВИ Е УБАВО.“, рече диџејот. Тој е еден од нашите најпозитивни јавни личности. Секогаш на Фејсбук објавува колку оздравени од вирусот има.

Диџеј Мац раскажа случка за неодговорно однесување на граѓани.

– Каков народ сме … Боже, Боже. Прееска во скафандер облечен и заштитен .. нели на терен на домашни посети така се оди…

И си седат така надвор луѓенца пред бутици, продавници и си коментираат се смешкаат… као види го како марсовец е .. или космонаут … и јас како што ме дал Господ без влакна на јазикот.

ЛАБОРАНТ СУМ … влагам дома каде што луѓе не смеат да искочат и се болни, а некој треба крв да им земе за да си го проверат здравјето .. вие додека сте собрани и се смеете дека сум јас марсовец внимавајте да не треба да дојдам и кај вас дома.

Поздрав и имајте убав ден! И така не знаеа што да вратат … ШТАМА се деси“, раскажа диџејот. Мац сега им се израдува на олабувањето на мерките кои му даваат надеж дека ќе може да му се врати на диџејството и напиша:

ДИЏЕИТЕ ГИ ПРОГЛАСУВАМ ЗА ОЖИВЕАНО Ајдееееееее МУЗИКАААААА

-Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.

-Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.

-Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.

-Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.

-Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори“

На ова тој доби коментар од пријател кој гласеше вака: Не се радувајте, кратко ќе потрае. На ова тој на пријателот му одговори: Глуп коментар…

Како може да кажеш да не се радуваме а сите едвај чекаме да свириме .. макар и еден месец или два или две недели! Да не се радуваш на нешто што го сакаш … СТР АШНО

Потоа пријателот рече: Во ред, радувајте се, ама не очекувајте премногу, може така? На ова диџејот му врати: „Очекувам да има повеќе оптимисти и позитивна енергија а не ПЕСИМИСТИ И НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСинојќа ми дојде во сон: Снеже Велков емотивно за драга личност што ја загуби
Следна статијаБојана Скендеровски доби навредлив коментар, па го објави јавно (ФОТО)