Име и презиме нема да ви кажам, ама има некој: Владо Јаневски прозборе за љубовта

0

Познатиот пејач и композитор Владо Јаневски, во интервју за Опсервер.мк сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.

– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.

Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму.

Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината. Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш.

Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.

Владо на една промоција рекол дека тој не е како Џорџ Клуни, кој изјавил дека нема да се жени, па го прекршил зборот. „Јас навистина нема да се женам“, рече Јаневски. Тој неодамна даде интервју за 24info.mk, во кое се навреди за едно прашање:

– Малку е невкусно од човек на 60 години барате да зборува за девојки и ергенлак, не ви се чини?

Моите сфери на интерес во последниве 10-ина години се далеку од тие теми, иако љубовта како појава и сѐ присутна мист ерија во нашите животи била, и секогаш ќе биде тема на моите песни преку кои комуницирам со светот и креативно се изразувам“, рече Владо.

Пејачот во повеќе интервјуа изјави дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина. Јаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови.

За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна. Новата песна на Владо се вика „Без тебе не ме бива“, а беше промовирана на радио „Бубамара“ .

Еден дел од песната е снимен во Скопје, а еден во Загреб, а Владо сотработува со Никша Братош, кој е познат музичар и има соработувано и со Тоше Проески.

Еве што вели Јаневски во новата песна и кои стихови од неа се најсрцепарателни:

„Да те сретнам случајно, и сакам и неќам, ти ми будиш стари спомени и нови јадови. Секаде си со него, бликаш од среќа, а јас се распаѓам по сите шавови. Ти биди среќна, за мојава тага не си крива. Без тебе душо, едноставно не ме бива“, порача Владо.

За Владо беше познато дека долги години беше во врска со Вера Велевска, која му беше и менаџерка и се грижеше за секој детаљ од неговата кариера. Пред десетина години, Вера ја напушти Македонија.

Таа се пресели во Австралија, каде што како што тогашните медиуми пишуваа, долги години живеат нејзините деца и таа замина да живее кај нив.

Во 2015 година, медиумите пишуваа дека и Владо ја напушта Македонија, и заминал на Флорида.

Потоа, магазинот „Убавина и здравје“ објави дека Владо не е во Америка, туку во Австралија, и заминал кај Вера.

Изгледа дека Владо тогаш бил само на посета, затоа што набрзо потоа повторно се врати во Македонија и беше актиевен и во Хрватска.

Вера е сега во Сиднеј, и според она што таа го има објавено на социјалните мрежи, очигледно е дека има нова љубов. Велевска има објавено фотографиja од нејзиниот партнер, со кои ужива поминувајќи го секој слободен миг на плажа.

Владо Јаневски даде интревју за ТВ Сител, а поводот е новата песна, „Без тебе не ме бива“, во кое изјави:

Публиката мислам дека си има попаметни работи од нас музичарите, ама како што реков не верувам дека публиката нешто не анализира, новата песна на Владо Јаневски или на икс ипсилон некој пејач.

Сите си имаат приоритети во животот, ама музика мора да постои“, изјави Владо за новата песна во рок звук.

Но, тој даде и интервју за „Бекстејџ“ и таму го искоментира насловот на песната „Без тебе не ме бива“ и како што новинарката најави, Владо откри без кого не го бива:

– Сите имаме некого кој ни фали, и без кој чувствуваме дека некако не сме комплетни. Сега, име и презиме нормално дека нема да ви кажам, ама има некој“, откри Владо во Бекстејџ.

Фото: Инстаграм принтскрин,Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНе сте ми јасни бе “парајлии”, зошто одите на плажа во Април и Мај – да ве видат ли само
Следна статијаОстанавме без леб, моите ишколуваа три деца: Ја отвори душата Андријана Јаневска