Му цвета бизнисот на пејачот Зоран Ванев во Швајцарија (ФОТО)

0

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора.

Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.

Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан. ​

-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е…

Има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.

Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.

Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев, во разговор за „Фокус“ пред две години.

Едноставно, за да имате ефикасно лекување потребно е целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи.

Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се болести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали има фамилијарни здравствени или психички или било какви проблеми, па и финансиски.

Потоа одиме на испитување на кр -вта’’ – вели Ванев, давајќи осврт на процедурите на лекување кои што ги користи.

-За да го прегледаме внатрешниот свет на човекот мораме да влеземе и во внатрешниот свет со неколку помагала, а тоа се: Темнополната Микроскопија преку која ги разгледуваме сите показатели во организмот.

Потоа, за помошен апарат ја имаме и Ирис дијагностиката која ни помага во евентуалниот показател кој орган би бил на некој начин осомничен во целата процедура на лекување. Откако сите показатели ќе се на маса, се прави детален план и програма и се пристапува на проблемот.

Дали преку продукти или ќе се употребат и други апарати во правецот на електотерапија, ултрашалтерапија, биорезонантна терапија и.т.н.

Само така сериозно и темелно пристапуваме на озбилните проблеми со кои треба да се занимаваат исклучително стручните лица во една таква комплексна медицина како што е природната медицина’’ -појаснува тој.

Околу отворање на негова клиника во Македонија, појаснува зошто тоа нема да се случи во блиска иднина.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно.

Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот.

Не случајно го зборувм ова, затоа што на оваа тема аргументирано и стручно можеме да дебатираме, но за тоа ќе треба друго интервју и многу поголем простор, рече тогаш за Фокус Ванев.

Зоран Ванев во последно време постира слики од својата гордост, својот син, кој е на добар пат да стане познат ракометар. Имено, Ник Ванев тренира ракомет и е најдобар стрелец во тимот.

Пејачот на својот профил на социјалните мрежи, објави неколку фотографии од синот кој го носи дресот на клубот за кој тренира и напиша дека е најдобар стрелец, а по објавата се нижеа честитки за неговиот успех.

Последните објави на Ванев се врзани строго за неговиот бизнис, за производите со кои лечи. По она што се гледа, работата на Ванев изгледа дека одлично му оди.

Од витамини и суплементи, масти за кожа, гел за вени, лекови против мен-труални проблеми, сето ова го има во асортиманот на пејачот, а под објавите секогаш добива пофалби дека нуди одлични производи кои помагаат.

Претходна статијаОмилениот лик од Македонските приказни деновиве слави – да си ни здрав и жив Лазаре Бараков
Следна статијаНапиша зборови за кои постарите и рекоа: Секоја чест за ова Снеже