Омилениот лик од Македонските приказни деновиве слави – да си ни здрав и жив Лазаре Бараков

0

Лазар Бараков, познатиот актер е омилен кај народот, и најмногу се прослави по улогите во Македонските народни приказни. Пред извесно време, тој гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ.

Бараков раскажа дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица. „Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

-Криво ми е кога одам накај моето родно место накај Струмица, накај Подгорието, ќе пресретнам ѓубре. Бог да чува“, беше лут Бараков. Актерот рече дека е презиситен од Македонските народни приказни, и сега им остава простор на помладите да снимаат.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград. „Тие гладни години, 72 година, бев само две години во Белград, и потоа заминав за Австрија. Во Виена останав две години, работев разни работи, учев јазици.

Потоа, кога се вратив во Македонија, од носталгија, на моите им беше желба да студирам нешто друго, да студирам медицина. Јас отидов во Софија, и бев примен и на глума и на медицина.“, рече Бараков.

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

А јас бев на Медицински факултет само три дена. Ама тоа го чував две години во тајност. Кога разбраа, стариот мој беше пресреќен“, откри актерот.

Потоа зборуваше за времето на старите Македонски приказни, и рече дека секој човек за таква љубов кон работата и за таква екипа каква што тој имал, мислејќи на колегите, може само да сонува.

– Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицови беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви.

Потоа во емисијата се појави Горан Трифуновски- Пајак од групата „Пеперминт“, која му има посветено песна на Бараков. „Тој е еден прекрасен, добар човек, таков човек нема да планетава.

Го молев Господ да се поклопат коцките, да се сретнам со Лазар како негов најголем фан, и уште плус да снимиме спот“, рече Трифуновски меѓудругото.

– Јас досега не сум видел Лазар да се изнервира за нешто. Позитивен е, не мисли никому лошо. Не се родил таков човек што може Лазе да го изнервира. Јас сум преблгаодарен што го снимивме овој спот. Тоа за мене беше вистински Оскар“, додаде тој. За крај Бараков рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра.

-Фала богу, Бог ми дал три деца, фала Богу да беа 13. Поголемата ќерка е психолог, помалечката е архитект, синот уште лута, уште е студент, работи на себеси, да се најде“, откри Бараков за своите деца.

Но, иако изјави дека е презиситен од македонските народни приказни, тој повторно ги снима. Токму на 1 мај, на денот на трудот, Бараков објави работна слика, со своите колеги како ги снимаат новите Македонски народни приказни.

На сликата, тој е со своите колеги и напиша: Сериозно, работно… во нови победи. Исстиот ден, тој објави еден убав, но и носталгичен спомен. Имено, станува збор за едно видео во кое златната екипа на Македонските приказни е во една од старите епизоди.

На снимката е златната екипа на приказните: Лазар, Гоце Тодоровски, но и легендите кои веќе не се меѓу нас: Ванчо Петрушевски и Ѓорѓи Колозов. „Времето кога бевме комплет“, напиша Бараков до оваа снимка.

Легендарниот актер пред неколку дена наполни 67 години, но според изгледот и духот кој уште го негува никој не би му дал толку. Својот младешки дух тој го истакна во новит спот на SAP Brothers, кој се вика Шизни си, и таму Лазар е специјален гостин заедно со колегата, глумецот Кирил Андоновски.

Лазар и Кирил во спотот си шизат како да се ви цутот на младоста, а видеото можете да го погледнете ТУКА. Бараков се заблагоодари на честитките на своите фанови на овој начин:

На сите мои фанови, другари, пријатели ви благодарам за роденденските честитки и ве поздравувам со најновиот хит “Шизни си” на хипер талентираните SAP Brothers, со мое учество во спотот.

Претходна статијаОгнен Здравковски ја отвори душата и призна: Ќе поминев многу подобро, но моја голема грешка е што не правев промени
Следна статијаМу цвета бизнисот на пејачот Зоран Ванев во Швајцарија (ФОТО)