Милена од Канал 5: Има и некои денови кога баш и не ми се смее

0

Туристичката агенција Фибула, минатата недела им организираше незаборавна тура на познати лица од Македонија, во Анталија, Турција.

Јавноста за ова патување на новинари, пејачи, водители и инфлуенсери, дозна по статусот на познатиот водител Ване Маркоски.

Водителот на Фејсбук често знае да спомене дека му се патува, но како и многумина нема таква можност поради пандемијата.

Ване на Инстаграм сподели слики со куфери и напиша: Ќе се патува годинава, време е!

Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5.

Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.

Тој и сега сподели слика од себеси на скопскиот Аеродром и на сликата се гледа колку е среќен.

-Детски радости, после две години“ напиша тој под сликата, а според објаснувањето, Ване ќе патува во Анталија, Турција.

Но, и Милена сподели стори, како заедно со Ване патува накај аеродромот и напиша: Анталија, чекај не. Заедно со неа е и нејзината ќеркичка Лана Марија.

По враќањето од ова патување, водителката Милена Антовска ги објасни сите правила кои во моментов важат во Турција, за оние кои ќе сакаат годишниот одмор да го поминат таму:

-Бидејќи деновиве добив многу прашања поврзани со патувањето во Анталија и мерките за Ковид-19 еве неколку информации…

Влез во Турција само со негативен ПСР тест. За патниците преку fibulaairtravelmk е бесплатен. Строга ковид контрола на аеродромите и на хотелите, секој месец.

Персоналот во хотелите е вакциниран и многу се внимава на бројот на гости во хотелот.

Растојание на масите и лежалките и редовна дезинфекција, температура се мери и на главен влез и во рестораните во самите хотели, а маски и средства за дезинфекција буквално има на секој чекор.

Карантинот не важи за туристите. Храната ја послужуваат самите готвачи. Се почитуваат мерки и се работи под строги ковид протоколи и надзор, за безбедност на секој еден турист. Секој еден вработен во хотелите е посветен на тоа.

Милена објави слика од плажа на која се гледа дека одлично изгледа во бикини и порача:

-Kога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање“, напиша Милена на Фејсбук.

По одморот, таа му се врари на своето работно место, во Канал 5 и објави интересен статус за тоа како се чувствува:

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“.

Претходна статијаДа одиш во Дојран, а да не си бил во „Фук Так“ е исто како да се качиш на брод кој никаде не плови
Следна статијаСпенџарска на гости кај Атиџе, доби специјална понуда од медената дама