Спенџарска на гости кај Атиџе, доби специјална понуда од медената дама

0

Една од нашите најпознати ТВ водителки- новинарки, Јелена Спенџарска, во последно време стана инфлуенсерка.

-И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била..

Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија. Не би можела да одберам помеѓу новинарство или водителство.

Во новинарството повеќе можам да дојдам до израз зашто креативноста ми работи 300 на саат и тука сум вистинската јас“, изјави Јелена во едно интервју.

Летото за неа изгледа дека веќе дојде. Водителката пред извесно време објави слика како ужива покрај базен и тоа во Анталија и порача: Нема таков проблем кој морска вода не може да го испере.

Спенџарска се пофали со сториња од Аеродром. Таа е со стилистот Александар Билјнаовски- Дадар и покрај сторито од Аеродром напиша: Премногу го сакам човекот!

Простор… Светлина… Поглед… Тоа сакав, а добив нешто уште подобро.

Ова е апартманманот кој беше резервиран за мене во @ichotelslife за мојот престој тука и затоа го прогласува за мој омилен досега! Најдобри сте @fibulaairtravelmk мноооооооооогу ви благодарам за ова “, се пофали Јелена.

Јелена ја посети куќата на Атиџе Муратова во селото Дорфулија, каде што таа живее во својот нов дом и направи интересна репортажа од таму која на објави на стори на Инстаграм.

– Се наоѓаме пред домот на Атиџе Муратова. Јас првпат доаѓам тука, и првпат се среќавам со Атиџе, жената за којашто слушна целиот свет.

Јас сум ја гледала на телевизија, но би сакала и лично да ја доживеам таа нејзина позитивна и убава енергија.

И секако да го пробам тој светски нејзин мед. Ме чека внатре“, рече Јелена и отиде во куќата на Атиџе.

– Атиџе, фала ти многу што ни го отвори врарите од твојот дом“, ѝ рече Јелена. „Уште повеќе да дојдете, ќе ве носиме и во Бекирлија кај реката таму.

И ќе пееме малце“, рече Атиџе.

– Ама, јас не знам да пеам“, ѝ рече Јелена. „Ама, ние со Сузе ќе опееме“, одговори Атиџе, мислејќи на нејзината пријателка Сузана Турунџиева.

„Да, ти и Сузе може да пеете, а јас може сега да го пробам медот“, рече водителката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаМилена од Канал 5: Има и некои денови кога баш и не ми се смее
Следна статијаГрадите на мегдан, сите гледаа само во Лидија Вукичевиќ на свечена церемонија (ФОТО)