Да одиш во Дојран, а да не си бил во „Фук Так“ е исто како да се качиш на брод кој никаде не плови

0

Со години наназад, Фук Так е објектот во Дојран, кој ја пишува угостителската историја на југот.

Седативната страна на гастрономските сладокусци….

Јужниот бисер кој со децении го држи угистителскиот примат и кој од година во година расте во сериозен ресторантски гигант.

Магнат, кој менито за избор на храна му е бунар без дно.

Локомотивата која работи на погон од човечки енергии, кои се собрани на едно место.

Тие ја шират најпозитивната енергија која може да се почувствува во медитеранско традиционалниот амбиент….

Да одиш во Дојран а да не си бил во Фук Так, е исто како да се качиш на брод кој никаде не плови…

Дијамантот кој уште многу децении ке биде пример за тоа како менаџерите со здрав угостителски разум создаваат фузија и атмосфера помеѓу гостинот и храната, која во Фук Tак има свето значење….

Ова е показател дека историјата се пишува со многу труд, а не само со пенкало….

Дојран во последните години станува сериозна дестинација, како за домашни, така и за странски љубители на добриот, јужњачки дух,

кој од секогаш влијаел позитивно на сите оние кои макар на еден ден сакаат да уживаат во најпријатната клима во Македонија.

Лепезата на убави мезиња од традиционално потекло, залиени со капка винце, ве остава без здив!

Фук так е безвременски бисер, во кој уште многу генерации со сласт ќе уживаат.

На некои луѓе, Фук Так ќе им донесе убава и квалитетна старост, на некои прва љубов, но за сите ќе биде место каде секогаш ке се ужива во големи количини…

Фук Так е она што може да ви остави позитивен белег на душа, по поминат викенд во Дојран.

Фук Так, Так Тук так ….Тоа е перпетум мобиле ……Фук Так е воз кој патува со позитивни мисли и енергија во времето!

Ж. Богатинов

Претходна статијаМе пратија моите кај тетка ми у Швајцарија за да се извлечам од „роба”, се дозаглавив тука уште повеќе
Следна статијаМилена од Канал 5: Има и некои денови кога баш и не ми се смее