Не сте ми јасни бе “парајлии”, зошто одите на плажа во Април и Мај – да ве видат ли само

0

Речиси секоја година, не можам да се изначудам на неизживеаноста и желбата за доминација на некои луѓе. Особено сега, кога економската состојба на многумина е во незавидна ситуација.

И уште повеќе, поради состојбата со пандемискиот вирус, кога и не е баш препорачливо многу шетање и однесување како порано.

Гледам фотки по социјалниве мрежи. Испоседнале на лежалки на плажа во џемпери и јакни. Плажа е за по купаќи, не трењерки и јакни.

Ги соблекле децата боси, па ги пиуштиле во песок да си играат. Некои похрабри се соблекле по маици, као се сунчаат нешто.

Зошто ви е ова глумење “лудило” бе драги пријатели. Што е овој збеснотилок. Доаѓа продолжен викенд и три саата возење до Охрид или Струга.

До лани колони пред „Богородица“ Во Април и Мај, кога ниту температурата на воздухот не надминува 22-23 степени.

Толку ли сте желни да ве видат, да се пофалите на фејс? Еве во Грција бев за викенд. Или во Охрид, Дојран, Албанија. Видов вода и песок.

Јадев гиро и ме чинеше стотина евра од ден. Не озбилно, зошто одите кога не можете да се бањате?

Ако е изговорот да излезам од дома, можеш да излезеш до Маврово, Пелистер, Голак, Берово…

Охрид намерно не го спомнувам, бидејќи Охрид си има и многу други убавини поради кои вреди да се посети.

И ајде, во ред, терајте ако тоа ви претставува ќеиф, да шетате по улица низ некое грчко село и дебело да платите за тоа.

Но мора ли да се натфалувате со ништото што сте го направиле. Па има луѓе што не можат крај со крај да врзат, знаете нели.

Ај, на здравје нека ви е узото дванаеска. И така само таму го пиете, као за промена, дома некоја “домача” со зелка ќе си мезите, следните месец два дури застанете на нозе од трошокот за продолжениот викенд.

П.П. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се превзема од други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски направи „што доколку“ сценарио и објасни зошто треба да останеме будни
Следна статијаИме и презиме нема да ви кажам, ама има некој: Владо Јаневски прозборе за љубовта