Жељко со трите најубави жени на едно место, Калиопи му даде коментар, а што ќе рече жена му на оваа слика?

0

Жељко Самарџиќ и неговата сопруга Маја се во среќен брак долги години. Во едно интервју, тој призна дека ништо не е совршено, па ни нивниот брак. Исто така раскажа како успеаја да опстанат.

„Јас и Маја пловевме и уживавме во тоа брачно пристаниште со децении, иако морето не беше секогаш љубезно кон нас.

Имаше и бури, но за среќа, благодарение на добрата навигација, но пред се на љубовта и разбирањето, од кои е направен нашиот брод, ги издржа сите предизвици овие години“, изјави пејачот за Story во една прилика.

Самарџиќ и неговата сопруга Маја ја изненадија јавноста откако тој на еден настан се појави со неа, а потоа објави и слика со својата сопруга. За Жељко е познато дека е одличен пријател со Калиопи.

„ Малкумина знаат за ова. Беше тоа југословенски избор за песна на Евровизија во 1984 година во Универзалната сала, кога победија Владо Калембер и Изолда Баруџија. Јас ја претставував Босна и Херцеговина со групата „Рондо“.

Тогаш за прв пат се сретнав со Калиопи, со Маријана и Росана. Веднаш се спријателивме и поради генерациската близина ни тргна разговорот.

Росана би сакал да ја сретнам следен пат кога ќе дојдам во Скопје, за Маријана слушнав дека е во Австралија. А со Калиопи сум од тогаш добар пријател, мило ми е што тоа пријателство уште трае“, рече тој.

На Инстаграм, Калиопи ја следат 36 илјади луѓе. Таа редовно добива лајкови и поддршка од фановите од секаде, од пријателите, но има еден човек кој ѝ ги лајкува речиси сите објави.

Станува збор токму за  Жељко Самарџиќ, кој е по потекло од Мостар, а направи успешна кариера во зрелите години откако се пресели во Бeлград, и стана познат во целиот регион. Калиопи и Жељко имаат посебна релација.

Тие се многу блиски пријатели и колеги. Таа блискост, Жељко ја покажа летово, кога ѝ испрати видео како ја пее нејзината песна „Црно и бело“ од својот брод во Црна гора, како ја пее нејзината песна „Црно и бело“ и вели: „Здраво мила моја“.

„Овој голем господин, со големо срце и глас, а мој голем пријател, денес со овој прекрасен поздрав ми го разубаве денот.

И како сега човек да не биде среќен кога има вакви пријатели?“, напиша Калиопи до видеото.

Самарџичќ неодамна објави слика со неколку убавици во чие друштво ужива како што се гледа.

Станува збор за три легендарни сами од екс југосовенската естрада: Снежана Савиќ, Ханка Палдум и Сузана Манчиќ.

Многу мажи би му позавиделе на оваа слика, и голема среќа за пејачот е што изгледа дека сопругата не му е љубоморна.

Токму Калиопи му ја коментира оваа слика на Жељко на што тој и одговара со: Сакам!

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЖена му на Тозовац неутешна, една работа најмногу ѝ недостасува од својот сопруг
Следна статијаЌерката на најубавата глумица од цела Југа е како модел, дури поубава од мајка си