Внуката на Есма Реџепова која го носи нејзиното име, пред важен чекор во животот (ФОТО)

0

Есма Реџепова Теодосиевска, кралицата на ромската песна, златното грло на светската музика повеќе од четири години не е меѓу нас.

Есма Реџепова зад себе остави кариера од 55 години, а она по што многумина ќе ја паметат е нејзината хуманост и човечност. Кралицата на ромската музика посвои и одгледа 47 деца, поточно 46 синови и една ќерка.

Нејзината кариера започна далечната 1956 година, а оттогаш регионот и светот слушнаа за името Есма Реџепова. Кралицата на ромската музика, која по-чина во 73-тата година од животот, беше испратена како вистинска легенда.

Симеон Атанасов е едно од момчињата кои таа ги згрижи и кој остана покрај неа до крајот на нејзиниот живот, менаџирајќи ги нејзините настапи.

Тој минатата година, упати апел до надлежните да не се чека повеќе и конечно да се среди куќата на Кале која Реџепова и ја остави на државата, а сега се наоѓа во многу лоша состојба, објави пред извесно време „Фокус“.

Сиомеон, за „Нова Македонија“ раскажа дека пишува книга за Есма и за Стево. „Книгата почнав да ја пишувам уште пред да замине Есма. Ќе биде многу искрена, ќе кажам многу работи, едноставно ќе си го от-ворам срцето. Знам дека многумина ќе бидат изненадени.

Минатата година, на социјалните мрежи, беше вирален апелот од Симеон Атанасов, кој бара средба со премиерот Заев, со цел куќата музеј да наликува на куќата која Есма ја остави.

Ве известувам дека Здружението “Есма и Стево Теодосиевски ” и сите членови на ансамблот Теодосиевски, донесоа одлука за собирање на потписи и со тоа да бараат состанок кај Г-дин Зоран Заев, за да го искажат своето незадоволство, воедно и да побараат одговорност затоа што Државата веќе четири години не се грижи за музејот на Есма и Стево Теодосиевски.

Министерство за култура како единствен тестаментален наследник е должен да даде образложение. Бидејки спорот сè уште не е решен ќе бараме одговор од премиерот на Република Македонија. Во знак на поддршка ве молиме потпишете ја оваа петиција“, рече Симеон Атанасов.

Неодамна, на својот Фејсбук профил, тој своите колеги музичари ги обвини во објавата во која напиша:

„Стоп за преземање на авторски, музички дела! Почитувани колеги, Долго размислував дали да го напишам овој статус, но сепак решив да го изразам мојот револт.

Пред сè сакам да ги прашам сите оние пејачи, инструменталисти, дали се чувствувате убаво кога ќе земете нечие дело, и го преснимате без никакво одобрување од авторот?

Драги мои колеги многу е лесно да се земе поточно „укра-де” некоја композиција, за која што некој изгубил време, труд, знаење, емоции и сл. и истата таа песна да се стави на YouTube, и потоа да се земаат пари од прегледи“, изјави Симеон.

Тој на Фејсбук се пофали со слика од својата ќерка Есма, која гордо го носи името на својата баба. Есма пораснала во вистинска убавица и е гордост на целото семејство.

-Иднината останува на оние кои што веруваат во убавината на своите соништа. Затоа продолжи да веруваш во себе и во твоите сонови. Наша матурантка. Те сакаме“, напиша Симеон. Тој исто и неговата сопруга исто така имаат син кој го носи името на татко му, Стево.

Фото: Фејсбук принсткрин

Претходна статијаВие што мислите дека не „прскаат“, сака ли некој од сабајле да доаѓа со мене на домашни посети?
Следна статијаНеда Украден и Стоја без шминка, кој би рекол дека се 22 години разлика