Вие што мислите дека не „прскаат“, сака ли некој од сабајле да доаѓа со мене на домашни посети?

0

Познатиот македонски диџеј Маријан Петровски- Мац, откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија.

Имено, тој е лаборант, и дека ѝ се враќа на медицината, тој објави на својот Фејсбук профил. Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување (вие што не знаевте). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“.

Претходно, тој напиша уште еден отворен статус:

Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш ите чаша на џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

Ама сега сте први дека ние сме срам, не чиниме, ние сме брука .. Ние сме без осет, ние сме виновниците за вирусот.. па уште што не сме најлошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот“. Со својот најнов статус, тој на своите Фејсбук следбеници им порача:

-Се пријавив доброволно да работам и помагам на сите кои имаат потреба .. искочи дека МНОГУ ИМААТ ПОТРЕБА …

Вие што уште мислите дека вирусов не постои .. да не сака некој од сабајле да доаѓа со мене на домашни посети ?

Јас ќе земам кр в а вие слушајте ги маките на луѓето … може ?

Секој ден има притисок и хаос од закажување домашни посети .. да не сака некој да крева на телефон и да слушне како се моли за ПОБРЗО НЕКОЈ ДА ДОЈДЕ И К РВ ДА ЗЕМЕ???

Како мислите да се журкаме и вратиме во дискотеките ако не издржите 2 недели дома да одморите?

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаДара Бубама Мара ужива на одмор со 20 години помладиот дечко кој „плива“ во пари
Следна статијаВнуката на Есма Реџепова која го носи нејзиното име, пред важен чекор во животот (ФОТО)