Огнен Здравковски сподели вредни спомени и најави нешто ново

0

Минатата година, македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој беше финалист на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, се обиде а го освои регионалниот музичи пазар.

Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна која се вика „Извини“.

Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар.

Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“.

Огнен имаше уште многу музички планови кои ги поремети пандемијата, но и заминувањето на нему драга личност, неговиот вујко Зоран Џорлев.

За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот.

„Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.

Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ изјави Огнен.

– Секој ден имавме по некоја интересна заедничка случка. Со него ми се случуваа само убави, позитивни и среќни моменти.

Ги има многу, но во овие тешки денови не можам да ги раскажувам. Ама, здравје, во иднина ќе раскажам се она што е недоречено за него“ рече Огнен за Репортер.

Тој сега се сети на неговата прва песна која беше промовирана пред шест години и сподели што пишувале весниците за него во тоа време.

– Ова е мојата прва и моја посебно драга песна! Музиката и текстот ми ги напиша мојот најголем идол и ментор (МОЈОТ ВУЈКО Зоран Џорлев), а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник и другар Беџо Синановски…

Снимена е пред 6 години и на денешен ден беше промоцијата за неа… Во чест на мојот вујко, денес ја споделувам песнава со сите вас, а за брзо ви најавувам дека ќе излезе моја нова песна која ќе биде посветена за него…“

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЈована од Сител: Дури и да не се венчаме, јас и тој сме маж и жена
Следна статијаОливера Балашевиќ се огласи со срцепарателна порака, 50 дена по загубата на Ѓоле