Јована од Сител: Дури и да не се венчаме, јас и тој сме маж и жена

0

Убавата водителка Јована Стојменовиќ е омилена кај гледачите кај сите генрации, особено кај оние што ја следат во Утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“.

За својата работа, таа зборуваше во едно интервју за Гламур.мк.

„Притисокот е голем, пред се поради одговорноста кон респектираниот медиум – ТВ Сител и големиот број гледачи, но, засега, успешно се справуваме со секоја непредвидена ситуација.

Се случувало да се запали пластичен чајник на рингла и да се зачади целото студио на две минути пред почеток на студискиот дел во живо или на некого од гостите да му се слоши од трема и тоа само момент пред настап…

Но, шоуто секогаш мора да продолжи и никој да не забележи ништо пред екраните“, изјави Јована за својата работа во интервју за Гламур.мк.

Пред неколку месеци, оваа убавица прослави роденден, па на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.

Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

Јована ја знаеме како скромна и резервирана, но минатата лето водителката изненади со фотографијата што ја постави на Инстаграм.

Таа уживаше во луксузен ресорт во Турција, а позираше во костим за капење покрај базен.

„Сакам да го запомнам овој момент засекогаш“, вака Јована ја опиша сликата. Убавата водителка многу ретко зборува за љубовниот живот, а фотографии од својот дечко речиси и да не споделува, освен една.

– Срам ми е да лажам, стојам зад своите постапки, но кога сакам да заштитам некого… дојди да ти шепнам – сокривам информации“, рече Јована и на тема каење и љубов додаде:

-Се каам кога некому ќе дадам втора шанса иако знам дека ќе ја прокоцка, а кога нешто знаеш, обично така бива. Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

Мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе.

Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој. Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале.

Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена“, изјави Јована пред извесно време.

Јована вели дека иако на многу од нејзините колеги не им е непријатно да зборуваат за својот љубовен живот, на неа ѝ е непријатно и затоа сака да го сочува далеку од очите на јавноста.

Фото: Инстаграм рпинтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСо мајка ми направивме тактика малку да го здрмам маж ми – тој ми дојде со барање за развод
Следна статијаОгнен Здравковски сподели вредни спомени и најави нешто ново