Ја остави сестра ми зашто мене ме сакал, сега останав и без двајцата

0

Дечкото на мојата постара сестра е навистина одличен дечко, тој е еден од оние луѓе кои од старт ми беа многу симпатични.

Многу го ценев, да се разбереме, само како ПРИЈАТЕЛ и затоа многу се зближивме. За кратко време тој стана мојот најдобар пријател. Мислев дека ме гледа како помала сестра..

Така и јас се однесував со него, како да е постар брат. Го задевав, заедно одевме на трчање, гледавме филмови. Мојата сестра се разбира повеќето од тоа време беше со нас.

Понекогаш, одевме и сами, кога таа беше на работа, на пазарење или на трчање, затоа што блиску живееме.

Сестра ми никогаш не била посреќна. И сите ние поради неа. Баш со мајка ми разговаравме дека конечно тоа е тоа.

Дека после неколку неуспешни врски, тој е она што на сестра ми и треба. Воспитан, нежен, вистински џентлмен, маж какви што денес се ретки.

Мајка ми еднаш на пега ми рече: Камо среќа и ти да си најдеш некој ваков.

И јас истото си го посакував. Да си најдам некој баш таков. Тогаш изгледа дека уште не бев ни свесна што се случува во моето срце. Или самата себеси се лажев.

Но, она што понатаму се случи, никој од нас не го очекуваше. Сепак, по скоро една година од нивната врска, тој ја напушти сестра ми, од чиста мира.

Таа многу го сакаше и страдаше исто толку и за него. Бев таму меѓу нив и се обидував да ги смирам, се обидов да разговарам со него, за доброто на двајцата.

Потоа тој ми рече дека раскинал затоа што сакал да биде со мене. Замрзнав … Се чувствував среќно тогаш, бидејќи секоја жена сака да биде сакана, и искрено си признав самата на себе дека она што го чувтвувам за него….

Навистина ми се допаѓаше, многу. Сфатив дека и јас сум била вљубена во него цело време. Дека на тие прошетки, кога сме зборувале за сестра ми, сум сакала цело време да сум на нејзино место.

Му реков, откако собрав доволно сила дека тој не е интересен за мене и дека тој не е мој тип на човек за врска. Ништо освен другарство.

Лажев и сторив сè за сестра ми, бидејќи знам колку тој ѝ значи.

Кога и кажав сè на сестра ми, таа ме обвини дека јас сум директна причина за нивниот прекин. Не разговаравме веќе 5 месеци, ниту со сестра ми, ниту со него, сестра ми е навистина лута на мене.

Тој се лути затоа што го одбив. Останав сама, ниту виновна ни должна. Јас ја жртвував мојата судбина за сестра ми.

Сепак, од оваа перспектива мислам дека не бев во право, бидејќи таа ме гледа и не ја чувствува таа сестринска љубов, како јас очигледно и … Размислувам нешто за тоа како би реагирала доколку улогите беа обратни.

Фото: Freepic

Претходна статијаТозовац како да пречувствувал дека ќе си замине од овој свет, побрзал да се ожени и да напише тестамент
Следна статијаМирослав Илиќ ми вети дека ќе ме ожени, ама ме излажа: Поранешната на пејачот повторно се огласи