Тозовац како да пречувствувал дека ќе си замине од овој свет, побрзал да се ожени и да напише тестамент

0

Познатиот пејач Предраг Живковиќ Тозовац кој завчера засекогаш си замина од овој свет, поради последици од вирусот, го кажа судбоносното „да“ на 84-годишна возраст.

Тозовац се ожени на последниот ден од 2020 година. Пејачот стапна на „лудиот камен“ на 31 декември, со својата животна придружничка Емилија Мима.

Славниот пејач и Мима решија да се потпишат по 40 години љубов и заеднички живот..

Само неколку луѓе присуствуваа на венчавката, а прославата не можеше да помине без малку музика и хармоника.

– По 40 години љубов, моја Мима и кралот на музиката Драган Тозовац – напиша нивната пријателка Билјана со фотографијата на младенците на „Инстаграм“.

Пријателите му пееја на Тозовац „Ајде да ги кренеме чашите, Тоза се жени“. Тозовац и Мима немаа деца, но тој ногу ја сакаше нејзината ќерка, Сања.

Славниот пејач напиша тестамент еден месец пред да си замине. Тој наводно и препишал сè што имал на својата сопруга Емилија, пишува Информер.

Тозовац, како да почувствувал дека нема уште долго да живее, инсистирал да склучи граѓански брак по доги години заеднички живот со Мима, а потоа и официјално да ѝ го препише својот имот.

– На почетокот на годината ѝ рече на жена му дека се поставува прашањето уште колку ќе живее и затоа мора да напише тестамент.

Емилија се изнервира што зборуваше такви работи.

Таа му рече дека е рано за тоа. Сепак, тој самиот повика адвокат и заврши сè пред неговото заминување.

Тој на сопругата и на нејзината ќерка Сања, која ја сакал како свое дете, им рекол дека му е желба им е да остави сè на нив.

Тој ги замолил да се грижат за недвижниот имот што им го оставил и да не продаваат сè што стекнал.

Сања тогаш плачеше и му рече дека најважно и е да биде сите заедно – наводно рекол изворот.

Кумот на венчавката на пејачот Рале Ранѓеловиќ потврди дека Тозовац оставил сè на својата сопруга и поќерка.

– Мојот добар Тоза остави сè на својата сопруга затоа што секогаш беше со него. Тој исто така многу ја сакаше нејзината ќерка Сања, па сакаше да ја обезбеди и не на овој начин.

Тој ми го имаше споменато тестаментот. Зад себе остави куќа во Вождовац, станот на неговата покојна мајка и станот во кој живеел со Емилија – вели Ранѓеловиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВиткам сарма и вежбам аеробик: Фолк-пејачката се пофали дека ѝ е убаво
Следна статијаЈа остави сестра ми зашто мене ме сакал, сега останав и без двајцата