Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска повеќе од 30 години живее во Австралија.
Маријана неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.
Маријана, иако одамна професионално се откажа од музиката и работи како сестра на Стоматологија, за своја душа знае да запее во кругот на семејството. Таа на Фејсбук профил во една прилика објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.
„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип.
Под другата слика, на која се ќерката и снаата, Маријана напиша: Моите две ќерки. Ќерката на Маријана и на композиторот Тоде Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг се вика Магдалена.
Новачевски исто така често објавува фотографии од своите деца и со емотивни објави им ги честита родендените.
Маријана вели дека сега, откако се повлекла од естрадниот свет, поретко дава интервјуа и изјави, освен ако се поврзани со нејзината сестра, Росана.
„Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријана секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.
Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана. Без неа, душата ми е на половина“, раскажа Росана за својата сестрта близначка во интервју за „Женски магазин“.
Во Мелбурн, исто така живее и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.
Пред неколку дена, Ева наполни една година. Маријана со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата мила внука и објави среќни семејни фотографии на кои се гледа колку семејството ужива заедно.
На сликите е и композиторот Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг, со кого Маријана е во добри пријателски односи.
На внуката таа ѝ посака среќен роденден со оригинална честитка: „Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, наше се. Да си жива и здрава, среќна и весела.
Сега, во семејството на Маријана има повторно повод за злавење, а тоа е крштевската на Ива. Обајвувајќи неколку фотографии од овој свечен чин, Маријана напиша:
Најискрена благодарност до сите за вашите желби, честитки и благослов. Ева е весела, торпедо во лазењето по земја, не трпи капа на глава, многу си ја сака баба Летка , јаде се што ќе ѝ дадеш ама се мршти со лимунот, сака да крши наочари а поготово моите, чорапчиња на нозете ЈОК….
Сака да дели бакнежи кога ке ја види прабабата Гоца, заводливо се насмевнува со тета Меги…..
Посакувам да сте радосни, да ви се живи, здрави и весели децата, внуците и сите околу вас….
Чувајте ми се. Благодарам до кумот и кумата од Сиднеј и сите ронини кои се радуваа со нас….
Фото: Фејсбук принтскрин