Елена – Живот со стил се пофали како пере како секоја домаќинка на ефтина струја

0

Елена Стефановска од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил’ по која стана позната.

Елена сега во емисијата се занимава со мода, а стилот на натпреварувачите го оценувата познати личности.

Ја сакам модата од малечка, ги следев сите трендови на ТВ и во магазините, наши и странски. Ја истражував таа модна сцена, ме пленеа убавите стилови од парчето облека, накит, до уредените домови.

Па, постојано си велев, аха, сигурна сум дека еден ден ќе успеам да создадам ТВ магазин со што ќе им го пласирам на гледачите мојот свет на убавина и стил и начин на живот.

Сакав сите да ја видат убавината и во содржината и во формата што ја носат познатите ѕвезди, јавни личности и обични луѓе, како на нашата, така и на странската сцена“, изјави Елена во интервју за hybrid.mk a потоа раскажа за своите почетоци.

-Во 2011та беше стартот на првата емисија. Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини. И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, рече Елена.

Таа до скоро не зборуваше за својот љубовен живот, но откако често почна да споделува слики од убавите моменти со својот сакан, јавноста знае дека е во врска со Бојан Најдовски.

За осми март, Елена беше во српскиот зимски туристички ценатр Копаоник и редовно објавуваше фотографии како ужива. Елена објави слика како се релаксира во џакузи и напиша:

– Чист хедонизам. Март на Копаоник е секогаш добра идеја.

Истиот тој хедоиниам таа и сега го применува и тоа по дома.

Таа објави видео и фотографии на Инстаграм како ужива во „домашниот спа центар“ во која си имаше подготвено топла купка, идеална за релаксација во врнежливите денови.

Но, Елена сега покажа дека е добра домаќинка. Од спа центар, таа изненади со слика од дома, пак од својата бања, но овој пат со друга намена, покрај алиштата за перење.

Ова е првпат да ја видиме Елена во вакво издание, како и секоја домаќинка во недела, кога сите уклучуваат машина, на ефтина струја.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаГолемо славје во семејството на Маријана во Австралија
Следна статијаСе јави Дарио Панковски и упати важна порака: Победа денес, слава, а од утре тага од горки порази