Дара Бубама Мара ужива на одмор со 20 години помладиот дечко кој „плива“ во пари

0

Дека љубовта не позанава ни граници ни возраст, доказ е Дара Бубамара. Таа е во врска со Тони кој е 21 година помлад од неа. Минатата година, Дара замина на егзотично патување.

Дара и Тони го избраа Занзибар за романтичен одмор. Наводно, скапиот одмор на Дара и на Тони го платил неговиот татко, кој е бизнисмен од Италија.

Желбите на Дара ѝ ги исполнува и ја финансира партнерот кој „плива“ во пари, поточно, неговиот татко, пишува српски „Курир“.

Близок пријател на Тони раскажал детали за неговта работа. Тој вели дека целиот бизнис го води таткото, а Тони не му помага многу. Таткото, држи неколку ресторани во Италија.

Тони не бил амбициозен како татко му, и нема сенс за бизнис како него. Но, на таткото не му пречи што тој без лимит му ги троши парите.

Дара на Инстаграм стави слика од дечко ѝ кој е сликан на плажа, и под сликата имаше многу коментари. „Па, ти можеш мајка да му бидеш“, е еден од нив.

Пред две години, Дара Бубамара буквално се пос рамоти пред јавноста. Таа ја изнасмеа целата естрада откако по грешка направи гаф пред својот дом во Белград.

Станува збор за видео кое успеа да го сними екипата на „Папарацо Лов“ кои ја уловија пејачката како излегува од својот дом на високи потпетици со кои се гледа дека едвај оди.

Згодната пејачка како и секогаш беше облечена во бели атрактивни панталони кои и ги истакнуваат облините, и длабока блуза со деколте.

Но како што коментираат фановите таа едвај го виде тротоарот од своите џиновски силикони. Одејќи кон автомобилот пејачката падна, но за среќа заврши само со неколку мод ринки.

Дара Бубамара секојдневно објавува фотографии и видеа од приватниот живот на својот Инстаграм профил. Популарната пејачка овој пат ја разгоре фантазијата на многумина со своите волшебни облини и атрибути.

Пејачката е повторно во Дубаи и ужива во минијатурно бикини на жешкото сонце, а и овојпат ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со провокативни кадри од нејзиниот одмор.

Бубамара покажа што има на располагање, а судејќи според реакциите, пејачката никогаш не изгледала подобро, па затоа може да им парира на многу помлади девојки кога станува збор за бикини.

„Дара малку- малку, па потоа во Дубаи“, „Сè гори, изгледаш неверојатно“, „Ти си бо мба, убава, убава“, „Дара блеска и гори Инстаграм“, „Оваа жена изгледа подобро и подобро со годините“, се дел од коментарите.

Дара ужива во љубовта со 21-годишниот Тони. Двајцата наводно веќе живеат заедно во нејзиниот стан во Нови Сад и планираат брак.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПоранешната Мис Македонија- Вера им стана колешка на Милена, Спенџарска, Бубе и Роберт
Следна статијаВие што мислите дека не „прскаат“, сака ли некој од сабајле да доаѓа со мене на домашни посети?