Поранешната Мис Македонија- Вера им стана колешка на Милена, Спенџарска, Бубе и Роберт

0

Мис на Македонија за 1996 година, Вера Мештеровиќ (39), со својата безвременска убавина и однесување остана синонним за успешен топ модел.

И по две децении завидна манекенска кариера, сè уште е барана и ангажирана поради природниот изглед, витата става, импозантната висина од над 180 см и професионалниот однос.

За Мис на светот во Индија каде што беше во далечната 1996 година, Вера изјави дека најмногу ќе го паметам по тоа научила многу за убавината од друг агол.

Tаа додаде дека не треба да се потпира само на надворешната убавина и изгледот, туку да работи на себеси и да развива други способности, убавина со цел.

За неа, ова искуство кое го имаше во тинејџерските денови е нешто што и понатаму ѝ помага во животните предизвици и денес.

Тогаш 17 – годишната тинејџерка, во таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија.

Иако од тогаш до денес поминале речиси 25 години, македонската мисица изгледа речиси исто како и тогаш. Вера и нејзината убавина како да се замрзнати во времето.

Вера сега има 40 години и е мајка на Јована и на Андреј. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, таа изгледа подобро од било кога.

Вера му беше споруга на познатиот фудбалер Игор Кралевски, со кој се раздели пред неколку години.

„Огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата.

Невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие“, рече Мeштеровиќ за Женски магазин.

„На темата развод немав коментар ниту за време на процесот, а дури сега ретроспективно уште помалку немам коментар.

Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот.

Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам“, објасни Мештеровиќ.

Многумина би ѝ позавиделе на Вера на среќата и на позитивниот став.

Таа во својот најно статус на Инстраграм се пофали со нов ангажман. Имено, Вера стана водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

„Здраво Македонијо“, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети,рецепти,информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50часот“, напиша Метштеровиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПолека малку, чекајте – мора ли сега да се оди по фризери, маникири, одмори, да се лета со авиони, да се ака по кафулиња
Следна статијаДара Бубама Мара ужива на одмор со 20 години помладиот дечко кој „плива“ во пари