Благица Павловска го покажа својот дом и она во што најмногу ужива (ФОТО)

0

Фолкерката Благица Павловска, долги години опстојува на музичката сцена, а поради ситуацијата со вирусот, како и други музичари, така и таа остана без настапи.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со страв, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стре-лаат од некоја причина.

Јас коро-ната ја сметам како еден вид таков вирус, што е испратен“, ни раскажа пејачката.

За време на карантинот, додека сите нејзини настапи и настапите на нејзините колеги беа откажани, таа поголемиот дел од времето го поминала дома со својот миленик.

Благица е голем љубител на животни и помага секогаш кога може на бездомните животни, затоа што тоа ја прави среќна.

Периодот на изолација поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, познатата пејачка Благица Павлоска го помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката.

Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ. Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму.

Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех.

Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам.

Благица Павловска беше гостинка во „Бекстејџ“ и даде корисни совети како да се спречи пандемијата.

Според неа, сите луѓе треба да имаат што помалку контакти со што помалку партнери. Благица под ова мисли на интимни контакти.

„Што помалку контакти со различни партнери, затоа што тоа може да донесе голем подем на пандемија. Затоа што никој за никого не може да гарантира.

Ако некој е навикнат да оди со повеќе партнерки или женска да оди со повеќе партнери, тогаш енергиите се мешаат.

Јас разговарам со Бог, може за некого е смешно, ама јас разговарам, а Бог ме слуша. И фала му на Господа, до сега ме заштитил од многу ситуации“, изјави Благица.

Благица ги почитува велигденските адети, па на својот Фејсбук профил го покажа нејзиниот дом и јајцата кои ги вапцала.

Таа во една прилика исто така изјави дека станот ѝ е светилиште, па може да се забележи дека во своето катче Благица има доста икони, а на една фотографија таа сподели и молитва.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВасил Зафирчев се пофали со своите 14 илјадарки (ФОТО)
Следна статијаНашиот пејач цел живот не знаел дека има сестра, а кога ја нашол, снемале воздух и двајцата плачеле