Нашиот пејач цел живот не знаел дека има сестра, а кога ја нашол, снемале воздух и двајцата плачеле

0

Пејачот Ѓоко Танески минатата година направи едно убаво и хумано дело во својот роден град Охрид, поточно во својот дом.

 

Тој е среќно женет и е татко на Михаела и на Анастасија, ги врати своите пријатели во овие стари времиња, и имаше интересена објава на Фејсбук во која раскажа за своето хумано дело.

-Последниве години, многу често се прашувам што е тоа што ми недостига за време на празниците… Пиејќи кафе пред неколку утра, помина едно младо момче кое продаваше новогодишни честитки.

Импулсивно го застанав и ги зедов сите, ем тој да се стопли поскоро и да замине дома, ем на моите ќерки да им покажам како изгледаше нашето детство за време на празниците.

Еве не сега, разговараме за тие убави времиња, кога ќе заѕвонеше ѕвончето и со браќата трчавме поскоро да ја отвориме вратата, да ги земеме пликоата и со трепет во срцата да видиме чија симпатија испратила честитка.

Кој од фамилијата во странство се сетиле на нас, пријателите на нашите родители, нивните соработници или пак баба и дедо, тета и чичо… Годинава знам! Живи сме и здрави, среќни и сплотени, честитките напишани, а утре преку македонска пошта и испратени.

И знам дека звончето во новата 2021ва ќе заѕвони повторно, овој пат моите ќерки ќе се стрчаат и ќе чекаат одговор преку честитка, од своите симпатии, другарки, пријатели, роднини, баба и дедо, тета и чичо!

Да, годинава знам! Ништо нема да ми недостасува“, напиша Ѓоко на Фејсбук тогаш. Многумина на оваа објава реагираа со срце, но имаше и такви кои се растажија поради носталгијата во зборовите на пејачот.

Во една прилика, за порталот OhridNews тој зборуваше за своето семејство и спомените од детството.

– Во нашиот случај мајката е таа што е построга со децата, а јас сум оној кој повеќе попушта. Така сме некако поделени. Ќерките ми се слаба страна и тие ме „фаќаат“ на тоа“, рече Ѓоко за сопругата па зборуваше за своите браќа и за сестра си.

-Многу сме блиски, особено со братот кој живее во Охрид. Другиот веќе неколку години живее во Дубровник. Сестрата живее во Богданци, но и со неа сме нон- стоп на телефон или пак се посетуваме.

Кога ќе помислам на детството, прво што ми паѓа на памет се одморите на дивата плажа во Љубаништа, каде одевме како мали со нашите родители. Засекогаш ќе ми останат во сеќавање тие убави моменти“, изјави Танески.

Поп-пејачот Ѓоко Танески имал 21 година кога дознал дека тој и неговите двајца браќа имаат биолошка сестра за која претходно не знаеле дека постои. Елена била дете на неговите родители, но бидејќи тие не биле во брак кога се родила, ја дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Една година подоцна отишле да ја побараат, но девојчето веќе било посвоено.

Во јавноста веќе се пишуваше дека Танески првпат дознал дека има сестра еден ден по загубата на татко му. Ѓоко имал 21 година, а Елена тогаш имала 32 години. За сестрата дознал од тетка му.

„Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да ја чуваат. По една година отишле да си ја земат, но таа веќе била посвоена. Не им давале никаква информација за неа, иако упорно барале“, изјави Ѓоко за Факултети.мк.

Откако дознал дека има сестра, разговарал со мајка си. Таа му потврдила дека е вистина, па тој и браќата почнале потрага која траела 10 години. Елена ја нашле 2011 година, преку познајници дознале дека живее во Богданци.

„На првата средба излегував од просторијата за да земам воздух зашто ми снемуваше додека седевме. Замислете која е среќата кога ќе си ги запознаеш и сестрата и двете внучиња, кои веќе беа момче и девојка“, раскажал Ѓоко.

Елена знаела дека е посвоена, но за тоа никогаш не разговарала со родителите. Кога ја побарал Ѓоко, татко ѝ веќе бил заминат од овој свет.

„Знаете како е во малите места, жените зборуваат, децата слушаат… Мала бев, си игравме надвор и ми кажа другарче. Не разговарав со родителите за тоа. Ме копкаше, сакав да знам, на моменти си велев дека не сакам…

Сакаш да знаеш кои ти се биолошки родители, анализираш што ќе биде ако прашаш, дали ќе ги повредиш родителите, што ќе ти кажат… Многу измешани емоции и стравови, а сакаш. Сум разговарала и со пријатели. Куп различни размислувања. Комплицирано е многу, верувајте“, рекла Елена.

Ѓоко ѝ се јавил со зборовите „Елена, овде е Ѓоко, твојот брат“. „Се видовме. Се гушнавме, плачевме. Плачеа сите околу нас. Стоевме така неколку минути и само се гледавме. Потоа почнавме да муабетиме. Сега, по толку години, можам да ви кажам дека нашето плачење помина“, рекла Елена.

По целата пријазна што му се случи и упорноста да ја најде својата сестра, Танески е среќен човек, а тоа се гледа и од новата слика што ја објави со сопругата и со двете ќерки.

Фото: Фејсбук принтскртин, Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаБлагица Павловска го покажа својот дом и она во што најмногу ужива (ФОТО)
Следна статијаТој не пушта машина, јас не менувам сијалица: Кристина раскажа како живее со сопругот