Васил Зафирчев се пофали со своите 14 илјадарки (ФОТО)

0

Серијата „Преспав“, е единствената наша серија која ја сними својата петта сезона, и со емитувањето на секоја нова, јунаците од серијата стануваат се поомилени кај гледачите.

-Многу ми е драго што Марио е еден од ликовите што го сакаат повозрасните, а особено децата. Снимањето колку што е интересно, истовремено е и тешко и интензивно.

Снимаме по една епизода дневно, а јас на сет секогаш доаѓам подготвен и не ми се случува да ги заборавам репликите.

Мило ми е што ние глумците, но и целата екипа, успеавме да направиме една мала ‘Преспав’ фамилија.

Ретко може да ви се случи во театар или на филм да имате една таква екипа со која одлично се познавате и која е секогаш тука за вас“.

Зафирчев е познат како човек што се грижи за својот изглед и стил. „Модата е начин на еманирање на нашиот однос кон сопствената убавина.

А стилот средство преку кое покажуваме кои сме и какви сме од внатре“, рече Васил во „Репортер“.

– Марио е како мачка во карактерот. Се појавува кога најмалку го очекуваш, прави заплет во ситуацијата, но крајот се дочекува на нозе, и го добива она што го наумил.

Превртливоста и вештата манипулација остануваат неговиот заштитен знак“, изјави Зафирчев во интервју за 7дена.мк.

Иако Преспав го нема на телевизија, неодамна Васил најави дека наскоро повторно ќе се дружиме со јунаците од оваа позната серија, а главен повод за тоа е токму Марио.

Зафирчев го најави своето ново шоу „Кујната на Марио“, каде што готви вкусни јадења.

Гости на Марио, според најавата ќе бидат токму неговите другари од „Преспав“: Талат, Инспектор Томе, Коста, Тони.. Зафирчев на Фејсбук најави:

-Од 29 април се гледаме на YouTube со кулинарското шоу “Кујната на Марио”.

Во кујната на Преспав, Марио и неговите добро познати гости ви подготвуваат 10 фантастични рецепти – што би рекол Марио – prste za polizat! Забавувајте се, гответе и уживајте!“, рече Зафирчев.

Сега, откако помина првата епизода и се сумираат впечатоците од рижотото кое го зготви Марио, Зафирчев се огласи на социјалните мрежи:

-Од првата епизода на Кујната на Марио која за неполн ден од објавувањето веќе има 14 илјади прегледи на Јутјуб каналот на Преспав.

Ви благодариме од срце на вниманието и поддршката и се гледаме со нова епизода следната недела“, рече актерот.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВие што ни викате врати се од Дијаспора во МК па коментирај, сте мрднале ли од Скопје понатаму да видите како е
Следна статијаБлагица Павловска го покажа својот дом и она во што најмногу ужива (ФОТО)