Новица наполни 50 години, Татјана му го прослави со сите „салтанати“ (ВИДЕО)

0

Фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија, заедно со двајцата синови, Петар и Стефан.

Како и сите нејзини колеги, Татјана Лазаревска се радува на повторното враќање на настапите.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

Откако почна кризата поради вирусот, музичарите се ускратени за својата основна дејност, настапите. Фолк музичарите се жалат дека нема свадби, нема тезги, нема настапи, нема пари…

Но, во Австралија очигледно дека не е така. Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа.

Во прилог на мирната ситуација со вирусот, оди и тоа што таму е сега лето и собирите и веселбите на луѓето се претежно на отворен простор.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна.

Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а последните три кои ги објави се многу интересни.

Таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели. Но, она што падна во очи се згодните девeруши, облечени сите во сини фустани со длабоки шлицеви.

Новица пееше меѓу убавите деверуши, а Татјана го снимаше, без да покаже трунка љубомора што толку убавици се вртат околу него.

Татјана објави ново видео, овојпат од Мелбурн. Таа напиша: Битолски бал, по повод интернационалниот ден на жените – 8. март.

Битола е печалбарски град, а во Австралија живеат и работат многумина од градот Битола и неговата околина.

На видеата може да се види атмосфера која наликува на старото нормално, кое во нашата држава за жал, сè уште неможе да се замисли. И не само кај нас, туку и во останатиот дел од Европа.

Нејзиниот драг Новица, вчера прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана.

Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска.

Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Во видеото, Новица и Таткана играта танго и ја пеат оваа песна.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМе спасија да бидам денеска жива и здрава: Емотивно обраќање на Биба Додева
Следна статијаИмунологот Марковиќ објаснува нешто што сите ги интересира – кога треба да се мерат антитела