За Андријана Јаневска е познато дека е сестран музичар. Таа е прва виолиона на МОб, доцент на Факултетот за музилки уметности, докторант на Институт за фолклор „Марко Цепенков“, пејачка, автор на музика.
Има свое музичко училиште каде се изучуваат виолина, пијано и пеење популарни жанрови. Мајка е на е на два сина Димитар ( 9 ) и Кристијан (6 ) и сопруга на познатиот музичар Драган Гиновски – Гино.
– Се придржувам кон правилото 8×3 или 8 часа работа, 8 часа одмор/занимација/релаксација и 8 часа спиење. Трикот е во брзината и ефикасноста со која работите. Ако точно знаете што сакате да сработите, тоа брзо се завршува.
Задолжително спијам по 8 часа и тоа е клучот да бидам одморена и добро расположена. Си легнувам околу 23 часот, а станувам околу 7.
Останатото време го посветувам на нешта кои не се поврзани со работата, а ме исполнуваат: шах, возење велосипед, возење мотор Honda CBF 600, пешачење, грижа за цвеќињата и градината, играње со моите мачиња и кучиња и се разбира, дружење со децата и семејството“, изјави Андријана за Женски магазин.
Познато е дека една од првите пејачки која настапуваше со Тоше Проески е Андријана, таа му беше гостинка на првиот скопски концерт, и беа многу добри пријатели.
Во едно интервју за порталот 100posto.hr од Хрватска, таа зборуваше за пријателството со Тоше.
– Тоше го запознав во 1997 година кога првпат настапуваше на Макфест. Следна година настапувавме на Скопски фестивал и тогаш започна нашето дружење. Тој живееше во Крушево, јас во Скопје, но често доаѓаше и се дружевме.
Во 1999 година имаше концерт во Скопје, па ми се јави и ме покани да настапиме во дует, бев негов единствен гост. Не знаев што ќе пееме, а се договориме на лице место.
Песната не ја ни пробавме бидејќи цел ден врнеше и не можевме да направиме проба со бендот.
Така да, нашиот настап беше без проба. Но, тој беше толку смирен да е невозможно покрај него да имате трема.
Ја пеевме песната како да сме ја пробале 100 пати. После тоа имаше договори и многу работа во регионот“, откри таа.
Каролина Гочева исто така му беше добра пријателка на Тоше и со него го има снимено дуетот „Немир“, песна која е хит и ден-денес.
На едни убави времиња, ки на убава дружба, со носталгија се присети Андријана Јаневска која објави слика со Каролина и со Тоше и напиша:
– Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата.
Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин