Даниел Кајмакоски интензивно ѝ се посвети на музиката, најмногу откако се разведе од Кристина Димитријевска, познатата манекенка и Мис Балкан со која беше во брак три години. Крајот на љубовта им се случи во 2019 година.
Познато е дека Кајмакоски е по потекло од Мислешево близу Струга, а музикален е на неговиот татко Павле, кој има свирено на свадбите на нашинците во Австрија.
Кајмакоски долги години живееше во Виена, но реши да се врати на Балканот откако се пријави на шоутп Икс фактор во 2013 година на кое победи во Белград.
Даниел уште за време на натпреварот кажа дека ен се срами од физичката работа која ја работел во Австрија. За оваа епизода од својот живот, тој зборуваше во едно интервју за www.bidizelen.org.
– По многу неуспеси во музиката почувствував потреба да се занимавам со нешто комплетно различно од музиката, па така и избрав нешто многу поразлично, како што е градежништвото.
Имав потреба од физичка работа која не е поврзана со уметноста затоа што чувствував дека стагнирам. Имав потреба да го ослободам мојот дух и душа од внатрешен притисок и тоа многу добро ми успеа.
Секојдневно бев опкружен со луѓе кои трудољубиво и дисциплинирано ја работеа својата работа и тоа и мене ме мотивираше да учам. Заборавив на сè што ме мачело сите претходни години и го најдов својот мир и својата спокојност токму во таа професија.
После тоа, на сосема поинаков начин можев да ѝ се посветам не само на музиката, туку и на животот и начинот на кој го гледам животот и на кој се гледам себеси.
Искуството во градежништвото дефинитивно ми беше многу драгоцено и придонесе за успехот што следуваше понатаму.
Секогаш на прво место ми било пеењето, но во фази кога тоа не ми одело како што треба, не сум седел дома да чекам на подобри денови, не сум бил пасивен.
Секогаш ми било важно нешто да правам и поради тоа многу често сум имал чувство како да живеам два животи – навечер настапував во некој клуб во Виена или на некој од големите “Open Air” фестивали, а наутро веќе станував рано за на работа.
Никогаш не сум се срамел од тоа што го работам. Иако себеси сум се гледал како уметник, никогаш не ми било срам или проблем да фатам алат в раце.
Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле тие зошто да не можам и јас?
Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства“, изјави Даниел во интервјуто.
Неговиот татко веќе го споменавме погоре, а Даниел секогаш раскажувал дека од него и од мајка му ја има најголемата поддршка. Но, Кајмакоски има и брат кој е се вика Далибор.
Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.
Пред четири години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат, а тоа се гледа и по постот кога се роди Давид, синот на Даниел во 2017 година.
– „Саканиот“ е името на мојот внук, кој денес за првпат ја вие светлината на овој свет. Среќен чичо сум и одвај чекам да си го видам мојот ДАВИД. Нека ни е жив и здрав“, стои во објавата на Далибор.
На ова неговиот брат, Даниел му возвратил:
Далибор значи далечна борба. Далеку и борба. Потекнува од Словенија и тоа име се дава само на големи борци како тебе. Давид исто едвај чека да го запознае својот чичко. Те сакаме брат, поздравче“, напишал Даниел.
Она што исто така може да се забележи, освен големата блискост е сличноста меѓу браќата. Далибор и Даниел се речиси исти. Кајмакоски објави стори како разговара со брат му на видео повик на социјалните мрежи.
Но, на повикот и најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.
Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат. Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка.
Даниел е во моментов во Србија, Далибор во Америка, а Филип во Австрија.
Тројцата браќа се на различни страни од светот, но ја одржуваат блискоста со помош на социјалните мрежи.
Фото:Инстаграм принсткрин, Фејсбук принстсктин, Јутјуб принтскрин