Сузана Турунџиева: И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам

0

Сузана Турунџиева последниве месеци е актуелна по својата дружба со хероината од документарецот „Месена земја“, Атиџе Муратова, која живее во нејзиниот дом во Скопје. Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.

Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна“, објави Сузе минатата недела.

-Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни.
Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија.

Се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во дијаспората Maria Duda.

Тој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект. Маурисио, бескрајно сме ти благодарни.

Сите, кои од било кои причини досега не успеавте да се вклучите во хуманитарните активности за Атиџе изминативе месеци, ве информирам дека не застануваме овде … Сеуште сме и потребни за да го облагородиме ентериерот и дворното место.

И секоја помош е добредојдена. Да живеат луѓето со големи срца“, објави Турунџиева.

Сузана е многу горда на своите две ќерки, Матеа, која е ќерка на нејзиниот по коен сопруг Маријан и Лора, која ја има од бракот со пливачот Александар Маленко.

Турунџиева стана баба на 7 март пред две години. Ќерката Лора и зетот Филип го добија синот Јаков.

– Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно“, изјави Турунџиева за својата ќерка откако ѝ се роди внукот.

– Јаков е единствениот маж кој ми го зароби срцето. Тој ме има „купено“ за цел живот. Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, рече Сузана за Женски магазин и го искоментира својот однос со поранешниот сопруг.

– Не сме во контакт подолго време и не знам воопшто ништо за него. Ни каде е ни што му се случува. Колку што знам ниту Лора нема контакт со него.

После многу обиди од нејзина страна, да го потсети дека му е ќерка и дека има потреба од него, мислам дека конечно се откажа, иако длабоко во мене знам дека ѝ е многу тешко и дека еден дел од неа секогаш ќе тагува што е тоа така.

Но, никого со сила не можеш да го принудиш да биде татко. Со сила убавина не бива! Татко е оној што се грижи, а не оној што го создал детето“, рече Сузана во истото интервју.

– Ах, има толку многу спомени… Се трудам да ги негувам и да ги сочувам од заборав сите…

Веројатно затоа и требало да ја напишам книгата „Не вели збогум“, каде се овековечени најсреќните и најтажните спомени од Марјан.

Марјан беше човек кој ме сакаше повеќе од сопствениот живот… Ако некој маж некогаш сакал жена, тогаш тоа е Марјан!“, рече таа за упокоениот сопруг.

Денес Сузана напиша емотивна објава за својата ќерка Лора, која полни 21 година.

-Втори март е првиот најсреќен ден во мојот живот. Денот кога ја добив Лора – мојата прва љубов. Среќен роденден убавице моја. И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам“, рече Сузана за ќерката.

Фото: Фејсбук – Сузана Турунџиева

Претходна статијаКајмакоски објави слика со браќата со кои е многу сличен: Сите тројца на различни страни од светот
Следна статијаЕмилија Розман: Те сакам јас, те мразам јас, оди си